Неуромедика доби награда „Best practice“ за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет

Објавено на 14.05.2018 во 20:30:23 часот | Бизнис

Неуромедика ја доби наградата „Best practice“ за 2018 од Европското здружение за истражување на квалитет

Првата приватна клиника во Македонија, Неуромедика, која 26 години нуди врвна медицинска стручност, посветеност и квалитет на медицински услуги освои уште една голема награда.

На форумот организиран од Европското здружение за истражување на квалитет кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел, Неуромедика ја доби наградата – „Best practise“ за 2018.

Наградата за 2018 ја прими првиот човек на Неуромедика д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства во полето на менаџерските стратегии на Неуромедика, кои во континуитет четврт век ја издигнуваат Неуромедика на врвно ниво во однос на конкуренцијата.

Оваа награда од страна на Европското здружение за истражување на квалитет ја добиваат оние компании кои имаат исклучиво најдобри практики и резултати во квалитетни менаџерски стратегии.

Годишниот настан на Европското здружение за истражување на квалитет е глобален форум на најдобрите компании во својата област како и организации од приватниот и јавниот сектор и истата има за цел на усовршување на квалитетни менаџерски техники и обезбедување одлична можност за мрежно поврзување на сите учесници.

 

 

* реклами

 

 

Бизнис

Македонија