Почитувана Лиле, одлучи се дали ќе бидеш зелен либерал или зелен националист

Објавено на 15.05.2018 во 12:17:18 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Што е поважно почитувана Лиле Поповска, да имаме живот, здравје, мир, просперитет и иднина или што ќе ни пишува во уставот за тоа како се викаме?!?!

Одлучи се почитувана Лиле Поповска, ќе бидеш зелен либерал кој секогаш трезвено ќе го бира разумното, рационалното, помалото зло или зелен националист кој ќе се држи како пијан за плот за некои ефемерни поими па по цена изгореле сите до темел во сиромаштијата, војните, бесперспективноста и очајот?!

Сакаш ли нови настани како 27-ми април?! Сакаш ли нови социјални катаклизми, кризи, стечаи, сиромаштии, еколошки ужаси кои ни следуваат ако продолжеме економски да тонеме изолирани од ЕУ и НАТО?!

Одлучи се Лиле, време е, не си веќе незрел млад политичар, време е да одлучиш по кој пат ќе тргнеш политички.

Ова се важни времиња, тежината татко да ти биде академик Ристевски, татко на македонскиот национализам по втората светска војна мора да е тежок терет и ориентациски проблем, но победи го сепак тој предизвик.

Затоа што знам дека си добар човек со добри намери. Но малку луташ стратешки, политички, се колебаш по кој пат да тргнеш. 

Избери го рациото и разумот, апелирам до тебе за тоа.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија