Амди Бајрам во влада, многу боли, но во животот мора некогаш и во лајна да се гмаца за да стигнеме до целта, а во случајов целта ги оправдува средствата

Објавено на 15.05.2018 во 22:52:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислам дека две одлуки го имаат мачено Заев до губење сон откако е премиер - што со името и коалицијата со Амди Бајрам.

Ако некој треба да има омраза кон Амди Бајрам, тоа е токму Заев. Што не му изнакажа, па дури и свеќи му запали, го чекал да умре. Кафези, моркови, црни црнила, тешко беше тоа да се слуша за нас кои сме симпатизери на СДСМ и Заев, а како ли му било на самиот Заев само он си знае.

Но во политиката како и во животот, мора да се прават валкани компромиси. Да, лесно е да се морализира и да се делат лекции на твитер во обид да се покаже колку некој е идеалист, борец за идеалот, непоколеблив цврст човек кој вака би владеел, онака би владеел...

Но реалноста е дека Заев го пративме во собрание со 49 пратеници и сите понатамошни паламудења се млатење празна слама.

Он треба со 49 пратеници да прави сериозни реформи, да мења име, да затвора охридски договор, да решава проблеми со Бугарија, црква со Србија...

И затоа, да го оставиме човекот да прави магии, разни трикови, фискултури, чудни потфати, компромиси, што знае нека прави, но да цениме по тоа до каде стигнал со она што го вети пред избори.

Затоа, што, ако цело време му наоѓаме маани, му држиме лекции, а понатаму тераме со огромни очекувања, тогаш не сме фер, се понашаме како хемороиди...

Ајде луѓенца, не бидете хемороиди, тоа е епскиот епилог од оваа колумна. Имајте усул и разбирање, Заев не е Дејвид Коперфилд, да му изгласавте 60 пратеници па тогаш ќе имавте право да наоѓате маана, сега немате право на приговор, Заев мора да прави компромиси и да бира од помалите зла само за да стигне до целта, а таа, целта во случајов, ги оправдува средствата.

Народот бара повеќе пари, безбедна земја членка на ЕУ и НАТО, земја во која владее правото. Се друго е ситница која вреди да се проголта, јбг, тоа е. Животот не е идеален, не бидете перфекционисти.

Амди Бајрам е ѓубре. Да се надеваме дека нема да има потреба од коалиција со уште вакви ѓубриња за да го добиеме она за што сонуваме како земја. Никој не е среќен со овие компромиси. Најмалку оние кои крвареа и животот го имаа ставено на коцка, не го заборавајте тоа. Амди Бајрам имаше испратено тепачи од Шутка кои најверојатно му нанеле неколку џумки на Заев и пратениците. Ако Заев може тоа да го проголта, ќе можеме и ние.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија