ТВ дуелот на Мицковски со Заев ќе биде првото политичко самоубиство на тв

Објавено на 16.05.2018 во 18:28:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ТВ дуелот на Мицко и Заев ќе биде кланица и тоа нарачана од оној кој ќе биде масакриран.

Ќе биде тоа првиот самоубиствен политички камикази напад на тв!

Во оваа фаза со таков беграунд како опозициски лидер да тргнеш против премиер кој сеуште ни одблиску нема такви скандали, грешки и афери со кои можеш да срочиш некаков напад, тоа ќе биде жално за гледање, ако си вмровец секако.

Но ние што не сме ќе уживаме во оваа политичка тв престава, одамна немало ваков политички шоу на македонските телевизии.

Едвај чекаме дуелов да се деси и да го раскажуваме со денови.

Апел до Мицковски и Заев, направете го дуелот на некоја проватна телевизија бар да се опари телевизијата од реклами за новинарите да земат платичка, МВР и онака е државен цицач.

По мое треба да биде на Телма или ТВ 24, но Мицко може ќе бара да оди на Алфа или Сител, па тогаш, нека биде на Канал 5. Зошто да не и кај Ацо на 1 ТВ!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија