ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВАСИЛЕВО НЕЛЕГАЛНО ЈА ДАЛ ВЕТЕРИНАРНАТА СТАНИЦА НА ВМРО ДПМНЕ!

Објавено на 17.05.2018 во 01:33:47 часот | Македонија

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.С.(51) од село Едрениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, и против правно лице ДПТУ “Црвена Ружа“ експорт-импорт ДОО Струмица од Струмица и В.М.(51) управител во пријавената фирма од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

В.С., во својство на градоначалник на општина Василево, искористувајки ја својата службена положба, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на штета на буџетот на општина Василево. В.С извршил нелегална легализација, односно пренос на правото за легализација, на објект на Ветеринарна станица Струмица изграден во 1959 година во с. Василево, за кој општина Василево поднесува барање за легализација без никаков правен основ и истото право го пренесува на правното лице со цел стекнување на одредена корист.

На тој начин му овозможил на второпријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година.

Подоцна, В.М. како управител на правното лице, со договор за купопродажба го продал на политичка партија ВМРО ДПМНЕ.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет