МУ ВЕРУВАМ НА ЗАЕВ!

Објавено на 17.05.2018 во 01:51:46 часот | Македонија

Заев се спријателил со Бугарите... Предавник!
Заев пиел кафе со Харадинај... Предавник!
Заев се дружел со српската премиерка... Предавник!
Заев се сретнал со Албанецот Рама... Предавник!
Заев разговарал со Ципрас... Предавник!

Заев му прости на Анѓушев... Срамота!
Заев им прости на оние од Беса... Срамота!
Заев му прости на Никола Димитров... Срамота!
Заев му прости на Чедомир Саздовски... Срамота!
Заев му прости на Мендух Тачи... Срамота!
Заев и' прости на Лиле Поповска... Срамота!
Заев му прости на Командант Хоџа... Срамота!
Заев му прости на Павле Трајанов... Срамота!
Заев му прости на Амди Бајрам... Срамота!
Заев му прости на Брат Љубе... Срамота!

--- --- ---

Познавајќи го Зоран Заев, уверен сум дека има разбирање за оние што „на нож“ ги пречекуваат сите негови „предавства“ и сите негови „срамни“ кадровски решенија...
Го болат него ваквите реакции, се разбира... Но ако имало кај него сила и моќ да им прости на оние горенаведените, нема да му биде тешко да им прости и на дежурните критизери...

Една работа, сепак мораме да ја имаме на ум... Зоран Заев не е обичен политичар и обичен премиер... Зоран Заев не 'игра' и нема да игра онака како што играле неговите претходници... Ако Заев го прави истото што претходно го правеа неговите претходници, тогаш што сме направиле од Македонија? Моите 'соборци против режимот' ќе ги уживаа привилегиите 4 години и после пак јово-наново... Македонија ќе си продолжеше да се врти во затворен круг...

Заев е различен од сите други... Заев има поинаква визија за тоа каква држава сака да направи од Македонија...

Гласно кажувам дека Зоран Заев ја има мојата поддршка... И ги замолувам моите близу 5.000 ФБ пријатели ДА МУ ДАДЕМЕ ШАНСА... Да веруваме во неговото визионерство... И за оние негови „чудни“ одлуки, сигурен сум дека Зоран Заев имал добри причини… 
Верба во него и силна поддршка од нас, неговите соборци, многу би му значела и многу би му помогнала...

Тоа што го победивме режимот е само почеток кон остварување конечна цел, а тоа е да создадеме силна и здрава држава, во која што нема да се гледаме низ нишан едни со други !!!

Мартин Костовски, член на СДСМ од Куманово, директор на Службен Весник

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет