БАРАЊЕ ЗА ДЕМАНТ И ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПЛУСИНФО И УРЕДНИКОТ БРАНКО ГЕРОВСКИ!

Објавено на 17.05.2018 во 14:17:30 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Барам извинување и објава на демант од Плусинфо и уредникот Бранко Геровски.

Во серија на текстови и колумни, порталот Плусинфо ме клевети дека сум барал рекет од новинарот Сашо Денесовски, уредник на Охрид Скај, што одговорно тврам дека не е точно.

Вистината е дека му се јавив со барање да ги избрише клеветите кон мене и мојата сопруга кои тој ги објави на фб а потоа беа објавени и на порталот Доказм.

Подолг период новинарот и рекетар Сашо Денесовски ми се заканува на мене и моето семејство со најподли клевети поврзани со мојата сопруга и мене, имено тој неа ја нарече проститутка а мене нејзин макро, тоа го прави веќе подолго време:

Откако тој одби да ја избрише таа објава, јас објавив текст на Мактел во кој тој не е споменат нити пак некој од неговото семејство.

Сакам да знаат сите оние кои го чепкаат моето семејство, дека стапот има два краја. Тоа важи и за Денесовски и за Стаменковски од Доказ но и за Бранко Геровски кој мислам дека ги нарачува сите овие напади кон мене затоа што има намера да ме замолчи и новинарски уништи затоа што не му одговараат моите критики кон негови ставови и новинарски тези.

Секој што ќе го чепне моето семејство ќе добие во иста мера назад. Дебатирајте со мене, навредувајте ме мене, но не ми го чепкајте семејството. Ова треба да се знае јасно и гласно за сите рекетари и гадови кои имаат намера да се пресметуваат со мене.

Срамно е што Геровски стапи во пакт со вакви типови како Денесовски и Стаменковски кои се докажани рекетари, а едниот од нив е и спонзориран од Палчо кој го офарба со боја, но тој е спремен и на пакт со ѓаволот само да ми наштети.

Инаку тезите за барање мито се комични, ако може да бараш пари од клошар и голтар кој нема леб да јаде?!

И како се бара мито во 1 ноќе, он во Охрид јас на друг крај од Македонија?!

И зошто би барал мито кога конечно Мактел.мк почна да работи рентабилно сега кога сме во демократија и бизнисмените не се срамат да се рекламираат на сите портали?!

Мактел во моментов има 2000е приходи од реклами и таа цифра очекуваме да расте и понатаму, и овие средства се повеќе од доволни за живот во Македонија, зошто би ризикувале да бараме рекет, тоа е надвор од здрав разум, и особено да бараме рекет од рекетар, голтар, клошар?!

Смешни и комични и кретенски се овие тези, смешно е како Геро падна толку ниско и е спремен бувално на се само да се пресмета со мене.

Овие денови сме сведоци на разоткривање на карактерот на еден голем новинар кој сите сме го ценеле и сакале. Геро од ден на ден се повеќе паѓа ниско, тоне во калта, се повеќе си го разоткрива својот егоистичен суетен злобен лик и душа, се покажува како човек зад чија маска на големо новинарско перо се крие еден безмилосен злобен јуришник спремен на секакви можни сплетки и ујдурми само за да се пресмета со некои со кои не се согласува.

Многу многу подло и злобно човече.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија