НА ТРАМП НЕ МУ УСПЕА ДА ГО ИЗОЛИРА ИРАН, САМО ЈА КАЧИ ЦЕНАТА НА НАФТАТА, ЗНАЧИ МУ ДАДЕ ПОДАРОК НА ПУТИН

Објавено на 17.05.2018 во 20:52:16 часот | Свет


Евроазиската економска унија потпиша договор за трговска размена со Иран

Евроазиската економска унија, во чиј состав влегуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан потпишаа привремена спогодба за воспоставување на зона на слободна трговија со Иран.

Казахстанското Министерство за економија објави дека Новиот договор ќе ги намали царинските такси за одредена стока во период од три години со цел да се постигне долгорочен договор за слободна економска зона.

Документот ја претставува првата фаза од формирањето на зона на слободна трговија меѓу Евроазиската економска унија и Иран. Со неа се предвидува намалување или целосно укинување на увозните давачки за одреден број производи.

Договорот е потпишан во Астана и следи откако американските власти соопштија дека се повлекуваат од нуклеарната спогодба со Иран и дека повторно воведуваат санкции кон таа земја.

На синоќешната вечера во Софија ЕУ лидерите излегоа со став дека унијата ќе продолжи да се бори за меѓународниот систем заснован на правила и покрај неодамнешните одлуки на Трамп за климата, царините и за Иран. Иран ќе добива поддршка од ЕУ се додека го почитува дговорот, а унијата ќе ги заштити европски фирми кои се погодени од американската одлука.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД излегуваат од договорот за иранската нуклеарна програма, која во 2015 година ја постигнаа шестмината меѓународни медијатори (Русија, САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија). Покрај тоа, Трамп објави дека сите санкции кои се суспендирани како резултат на постигнатиот договор ќе бидат обновени.

Сепак, според досегашниот развој на настаните се чини дека Трамп, наместо да го изолира Иран, на властите во Техеран им отвори нови и пошироки можности за економски развој.

Извор: Телма

 

 

* реклами

 

 

Свет

Македонија