НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во 1998-ма година во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција

Објавено на 17.05.2018 во 22:02:54 часот | Забава

Големо е задоволството кога во годината на јубилеи констатираш дека има уште еден јубилеј.

Па така со реално јак повод каков што е нов албум на групата, НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во 1998-ма година во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција.

Како дата, на средбата помеѓу Нокаут и огромниот број на нивни фанови е избрана 27- ми октомври во СРЦ Кале.

Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.

Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум на НОКАУТ, четврти по ред.

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија