Заев може да го реши и палестинското прашање ако му се даде шанса

Објавено на 18.05.2018 во 13:04:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ова што се случи вчера во Софија уште повеќе ми ја зацврсти вербата во квалитетите на Заев како политичар, прагматичар, државник, реформатор.

На овој човек да му го дадеш палестинското прашање, ќе го реши.

Прво ќе оди тамо и со сите ќе се гушка, ќе се кикоти, ќе им кажува вицеви на сите, потоа ќе седне и ќе најде решение кое по некоја магија ќе ги прави задволни сите.

Има една чудна харизма и карактер овој човек, тој негов оптимизам кој е заразен, во исто време ги опушта сите, но и самиот него го прави спремен да секогаш го види процепот каде може топката да се протне до голот.

Неговиот капацитет да се одржи на зададениот курс без разлика колку му го љуљаме бродот исто така е за респект.

Тој е спремен да се исклучи од целата бучава и да остане фокусиран на целта без разлика што по него летаат дрва, камења, цели фотељи, шифоњери и машини за прање.

Чудо од човек, чудо од политичар. Во исто време е на обвинителна клупа, дома му вришти цела партија и цела јавност од икс причини, гаси пожари, бара пари за буџетските дупки и решава четири мега проблеми - цркавта, охридски договор и двојазичност, договор со Бугарија и името!

Паралелно со тоа тера реформи, влече накај ЕУ и НАТО, решава кадровски проблеми и дуел со Хорхе за народна банка, во парламент оди процес на гласање на клучни закони итн итн...

Сето ова му брчи во мозокот, па дури стига да оди на 5 конференции дневно, а ја се мачам до пошта да отидам да пратам 5 фактури и еве една недела никако да се организирам. Се правдам дека сум водел портал, јака муда.

Сите го потценивме Заев, он може многу успешно да ја води и ООН, може да биде муртински Кофи Анан!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија