НАРОДЕ, ОВА СЕ ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ ЗА СИТЕ НАС, БИДЕТЕ ФОКУСИРАНИ, ТРЕЗВЕНИ, ПОМАГАЈТЕ ДА ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ, ИНАКУ ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ СЕ КАЕТЕ ШТО СТЕ ГО ПРОПУШТИЛЕ МОМЕНТОТ!!!

Објавено на 18.05.2018 во 22:15:01 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ова се историски моменти, како оние во 1991-ва, 2001-ва, веројатно и 1945-та и слични години кога се одлучувало по кој пат ќе тргне еден цел регион и еден цел народ.

Или ќе одиме напред или назад, затоа што на Балканот па и во светот нема статус кво. Или ќе одиш кај одат сите или ќе те прегазат и ќе завршиш како згазена трева каде се валкале слонови и бизони.

Ова се моменти кога ни се погодија коцките, западот сака да го решиме проблемот со Грција, власта во земјава сака да го реши проблемот, Грција сака да го реши проблемот.

Само Русија и Србија не сакаат да бидеме успешни, тие уште се молат на бога ние да се распаднеме за во тоа матното да можат да упецаат нешто, едните влијание, другите да си вратат парче од Косово назад.

Сега остана уште Мицковски и Иванов да прифатат. Значи господ и Дарвин нека ни се на помош!!!

Но сепак, има надеж. Ајде сите во земјава да биде на висината на задачата. 

Да бидеме сериозни, фокусирани, озбилни, одговорни.

Ајде сите да помогнеме ова конечно да се реши и да тргнеме напред, конечно да ја средиме земјава, да им дадеме шанса за подобар живот на сите.

Ако ја пропуштите шансата да помогнете и ова сето пропадне, еден ден ќе се каете за пропуштената шанса.

И во тој момент нема да ви биде многу убаво. Затоа што ако ја пропуштиме шансата, цврсто верувам дека земјава ќе се распадне, порано или подоцна.

И тоа ќе биде проследено со многу крв, хаос, ужас, беда, хорор. Тогаш ќе ви се чини чудно зошто не сте биле свесни каква шанса пропуштате за оваа наша убава земја и за сите што сме во неа.

И за сите што не се родени а ќе се родат во иднина.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија