Жената е во право, пола од народот нема автомобили, но сите ја хејтате пошто ве мрзи да мислите

Објавено на 19.05.2018 во 11:38:17 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Изгледа овие сите што врескаат по пратеничката од СДСМ мислат дека сите во земјава имаат автомобили?!

Па дури 50% од народот нема коли! Со тоа тезата дека сиромашните се погодени од акцизата на дизелот е лага.

И како ќе се бориме против загадувањето во Скопје ако не ги натераме граѓаните да возат не бензин, на плин или на струја?

Изгледа ние сакаме Заев и Шилегов да станат магионичари и да го решат загадувањето со магично стапче?!

Но лесно е да седнеш на фб и на твитер и да урлаш и да пцуеш и да галамиш.

Хистеријата станува неподнослива, социјалните мрежи станаа една мега кооперација каде сите врескаат без да мислат...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија