Медиската паника за кралската венчавка меѓу Меган и Хари е неподнослива!

Објавено на 19.05.2018 во 12:05:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Со месеци, цел свет е бомбардиран за една свадба на двајца британци.

Во исто време гинат стотици во Газа изрешетани како глувци, милиони муслимани од Бурма се избркани од дома, во Сирија крв тече 24/7, а ние со месеци сме бомбардирани за една свадба која се преставува како настан на годината.

Па со денови кој ќе дошол, кој како ќе бил облечен, што ќе се јадело, каде ќе се правела свадбата, кој поп ќе мандал со кандило, дрн дрн, неподнослива бучава од сите можни светски медиуми.

Неверојатна его манијакална луда опседнатост со самите себе, небаре се некакви богови кои одат по земја, па мора цел свет да внимава на секој нивен потег.

Британците се најголема жртва на оваа медиска бомбардировка, застанале тамо во шпалир со часови дремат и чекаат за да се поздрават со некој од овие разгалени лигуши кралски.

Трагедија и комедија!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија