АЈДЕ ЗАЕВ, НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ И РАЗОЧАРУВАЈ, БЛИСКУ СИ ДО РЕШЕНИЕ, НЕ ГИ СЛУШАЈ МРЧАТОРИТЕ, ТИЕ ИСТИ ГОМНАРИ ПРЕДВИДУВАА И ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОБЕДИМЕ РЕЖИМОТ!!!

Објавено на 20.05.2018 во 15:01:33 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Истите гомнари кои сега плачат и те повикуваат да се откажеш и да се вратиш дома, кењаа и дека нема да го победиме режимот!

Па дури и два дена пред избори се појавуваат во вестите на куртон телевизиите на кои ломотеа дека се лажирани анкетите на кои се навестуваше падот на режимот.

Истите тие гомнари ширеа песимизам и депресија во екот на битката со режимот, во колумни, во јавни настапи, под изговор дека сакале да ја освестат јавноста за реалноста, а всушност ширеа песимизам и депресија, најголемиот непријател на секоја револуција!!!

Да не го правеа тоа, можеби ќе имавме повеќе пратеници и немаше да мора да правиме коалиции со ГРОМ-овци и Бајрамовци и верните до гроп на Мијалков...

Така е и сега, плачат, кењаат, паничат, мрчат, го викаат Заев да се врати дома небаре се некои теткици кои го повикуваат палавото детенце да се врати дома за да јаде супа.

Не ги слушај овие мрчатори и кењатори почитуван Заев, блиску си до решение, запни уште малку, цел свет ќе ти се поклонува, особено идните генерации жители на оваа земја.

Исто како што се бореше со Грујо, бори се и сега да најдеш решение. Значи, чекор по чекор, брзо, упорно, внимателно, жестоко, во твој стил, искачи го и овој планински врв.

Знам дека мрчењето и ножевите во грб на стари СДСМ-овци те болат, но издржи, како што издржа во битката со режимот.

Ние сите сме со тебе, ќе ја добиеме и оваа битка Зоки!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија