АПЕЛ ДО БИХАЧКА: АЈДЕ СДСМ РАЗБУДИ СЕ, ВРЕМЕ Е!

Објавено на 20.05.2018 во 17:04:35 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има една чудна инерција кај СДСМ, каде сите чекаат лидерот Заев да ги извојува сите битки.

Еднаш неделно гледаме настап на тв на некој министер или функционер на СДСМ, колумни нема, тук там по некој фб пост, некако летаргично и молчеливо СДСМ дозволува во јавноста да се шири една заразна лажна теза дека владата работи лошо, ништо не работи, дека е иста па дури и полоша од претходната.

Сметам дека не само што тоа не е точно, туку е и опасна теза ако фати корен, затоа што ако нешто мразам е кога лоша влада се фали дека е добра и обратно кога добра влада е лажно обвинета дека е лоша.

И двете се опасни ситуации, лошата влада ќе остане на власт лажејќи дека е добра и добрата ќе падне од власт поради лагата дека е лоша па постои опасност да дојде пак лоша влада.

Ние сите треба да се бориме добрите влади да останат на власт а лошите да паднат од власт, принцип со кој се надевам лесно ќе се согласите.

Ме чуди тоа што СДСМ е летаргично и не е активно во медиски настапи, со колумни по портали, некако или сеуште не можат да се навикнат дека се на власт, или пак сеуште не можат да се одморат од долгата битка која траеше со години со режимот и беше исцрпувачка.

Но порано или подоцна тие сите ќе мора да се фатат за работа и да ја бранат владата затоа што ако не го направат тоа на време, може ќе биде и предоцна.

Па дури има и комични ситуации, еден пратеник беше на дебата со Влатко Ѓорчев, и овој како што го дал господ, искусен лажов, ја излажа јавноста дека оваа влада не отвориле ниту една фабрика и не удрила ниту една шајка, а пратеникот од владината коалиција не знаеше да му реплицира и си одмолче, иако владава досега има 10 странски инвестиции и 10 домашни, сите заедно вредни над 200 милиони евра!

За сите тие инвестиции, Кочо Анѓушев имаше говори, сечеа ленти, имаш медиски стории, и Влатче пак си меле и си лаже а од СДСМ нема кој да му реплицира?!

И не е само таа лажна теза, ако погледнете внимателно,

- Радмила се отепа од марширање со НАТО војски во регионов и по цел свет,

- Мила Царовска за една година направи повеќе во социјалата од сите влади од 90-та па наваму,

- Роберт растура во сегемнтот култура,

- конечно се раздвижија и здравство и транспорт и врски, тргнаа реформите и во правото,

- Тевдо владее како по учебник во финансиите,

- да не зборувам за Бујар и Димитров кои светот го изораа за само една година,

- Роберт ја прави владава транспарентна и медиски кротка и демократска како во Шведска,

- Кочо трча и дома и во странство и отвора секој ден нова фабрика,  го спаси ФЕНИ, направи круцијални реформи во енергетиката, направи голем пакет за субвенции за домашната економија,

- Рената направи нов закон за образование за само една година, а токму на таа тема почна да паѓа минатата влада,

- сегементот Екологија успеа да ги затвори дел од рудниците и Југохром и издејствува закон за дизелот и се стави конечно филтер на Дрисла и почна да се решаваат регионалните и дивите депонии,

- Оливер секој ден апси трговци со дрога, реновира полициски станици, купува опрема за цајканите, прима нови, чисти лажни цајкани со лажни дипломи, значи се отепаа од работа, ама нема кој да ги пофали и одбрани...

- Љупче и Ленче го посетија секое село, има поголеми и навремени субвенции, воведени се нови, разни обештетувања за временски непогоди итн...

Зошто СДСМ нема портпарол сеуште?! Зошто откако Петре Шилегов си замина не постават нов и не го натераат да застане на пултот на Бихачка и да почне да одговара со видео обраќања на прозивките и критиките од разни Соросоиди, Ќосиња, Левици, Десници, Солзи, Бачковци, Стевчовци, поранешни СДСМ-овци итн итн итн...

Зошто не фрчат по 10 соопштенија дневно со реплики за разни клевети, мрчења и слични напади, се плашат ли дека некоој ќе ги обвини дека се диктатура? Да ги потсетам другарите од СДСМ, диктатура не е да се браниш активно, диктатура е да замолчуваш критика, да гасиш медиуми, да тепаш новинари, да апсиш новинари, да казнуваш новинари и медиуми и нивните газди...

Ајде СДСМ, разбуди се, време е!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија