ВИДЕО: „Шверцери“ го запалија Чаир, Шкупи го победи Вардар и чека на Лига Европа

Објавено на 20.05.2018 во 22:39:30 часот | Спорт

Екипата на Шкупи во последниот натпревар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) го совлада Вардар (4-1) и дојде до големи три бода со кои го освои четвртото место и се уште е во игра за Европа.

Чаирчани чекаат победа на Шкендија во Купот на Македонија над Пелистер, за официјално да слават Лига Европа. Навивачите на клубот, популарните „Шверцери“, со песна ги поздравија играчите по дуелот со градскиот ривал и направија пиротехничко шоу

Во продолжение, погледнете ја атмосферата на „Чаир“:

Извор: Гол.мк

 

 

* реклами:

 

 

Спорт

Македонија