Вџашен сум од леснотијата со која Мицковски го одби предлогот Илинденска Македонија, дали е ВМРО ДПМНЕ Руско - Српско - Унгарска шпионска инсталација наменета за уништување на Македонија?!

Објавено на 21.05.2018 во 11:45:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Леснотијата со која Мицковски излезе и го одби предлогот Илинденска Македонија, иако јазикот и идентитетот и кодовите МКД и МК беа зачувани, иако се работи за термин кој прво нив би требало најмногу да им одговата како партија која го носи префиксот ВМРО, навистина ме остави запрепастен.

Па добро, овие шарлатани, освен што вербално се залагаат за ЕУ и НАТО, дали суштински имаат намера да и помогнат на оваа земја или се тие платеници на Русија, Србија и Унгарија и работат на тоа Македонија никогаш да не влезе во НАТО и ЕУ?!?!

Па добро бре бараби едни, ај што сте тотално распаднати, посрамени од 10-годишното мафијашко лудачко владеење, па имаше барем малку надеж дека сега ќе помогнете на оваа земја, ќе се направите нешто со што ќе се искупите за многуте злодела, но не, вие упорно работите оваа земја да остане едно слепо црево, вечно конфликтно подрачје, решени сте до крај да ја уништите оваа земја и овој народ?!?!

Па не мислите ваљда дека ќе влеземе во ЕУ и НАТО откако ќе ги фатиме Грците на кондиција?!

Не мислите ваљда да останеме надвор уште 50 години?! Па добро, кои сте вие бре лудаци бре?!?!

Ај можам да ги разберам простите неписмени ментално ограничени наши граѓани кои врескаат предавници, ова она, но вие бре добро знаете што значи и ЕУ и НАТО, знаете добро во каква опасност е земјава ако остане надвор, и пак терате ваква политика, па вие бре или сте психопати или сте сите на платен список на руското ФСБ и не смеете да мрднете надвор од дадените координати.

Господ и Дарвин нека ни се на помош со вакви копилиња како вас во земјава, мислам дека Ахмети и Заев треба да одат на решавање на проблемот заедно со Ципрас без да настојуваат на национален концензус, нека стават се на референдум, нека помине се со мало тесно мнозинство и нека одиме напред, да ги оставиме овие гадови нека ловат поени и нека врескаат до бескрај, со овие ѓубриња држава не се прави, мора само да се игнорираат, и по потреба апсат, кога ќе тргнат пак да прават насилни срања.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија