Не сакам ни да помислам што ќе се случеше денеска со Заев да не го срушевме режимот, не му гинеше 10ка со кромид, можеби тоа беше клучната грешка на Груевски и Мијалков го натераа да се брани до смрт против своите џелати кои му спремаа јамка околу вратот!!!

Објавено на 21.05.2018 во 23:10:00 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Можеби Заев немаше да го сруши режимот, ако режимот не тргнеше сурово да го затвора во темни зандани на долга робија.

Бев лично присутен на рочиштата за случајот Поткуп.

Заев имаше фер судење. Судиите, обвинителите, сите му дадоа шанса да се брани, според законот.

Тоа право, тоа задоволство, немаше да го има ако не го срушевме режимот.

Лажниот сведок беше масакриран од самиот обвинтиел и самиот судија, иако требаше да биде обратно, но и тие видоа дека се работи за валкана местенка па се заложија правдата да победи.

Кутриот сведок сам си призна како една година го терал Заев да каже работи кои ќе може да се потоа монтираат и од нив да се направи судска местенка после која не му гинеше 10 години затвор.

Замислете, тој беше обвинет за примање поткуп, а поткуп нема никаде?!

Бар да го судеа за барање поткуп, но не, тие сакаат да го затворат долго, за да испратат порака кон СДСМ да си седни мадро и да го остави вождот да го води библсикиот народ додека е жив.

Можеби Грујо не требаше да направи таква кардинална грешка и да го предизвика Заев на борба на се или ништо. Затоа Заев беше спремен и да загине, се бореше тој и за Македонија и за нас но и за својата кожа, затоа што Груевци му имаа спремено бесилка!

Ако Грујо не тргнеше со валкани игри против Заев, можеби Заев немаше до толку да гази на педалата на гас, и можеби некако режимот ќе успееше да извлече жива глава.

Вака во директер судар до истребување, Заев излезе како целосен победник, а Грујо ќе лежи наместо Заев, но овој пат заслужено!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија