Не ми се веруваше дека еден ден ќе го бранам Грујота од Миленко, ама неточна е тезата на козарот дека Грујо требало да го апси Заев додека можел, тоа само ќе го забрзаше неговиот пад а ќе го направеше Заев херој многу порано од 27-ми април 2017-та!

Објавено на 22.05.2018 во 00:30:09 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има една теза која козарот Миленко ја шири веќе со месеци, која е многу популарна меѓу Ќосињата и ВМРОВСКИТЕ орди...

Тоа е тезата: АКО НЕ СИ АПСЕЛ, ЌЕ ТЕ АПСАТ.

Се мисли на тоа дека Грујо ја испуштил шансата на време да го уапси Заев и да го процесуира за Пуч, наводно за државен удар поради тоа што му се заканил на Грујо снимките...

Но тоа е многу површна и многу глупа теза, типично за еден козар и спортски новинар и курветина режимска...

Заев веќе ги имаше дадено снимките на целото раководство на СДСМ и ќе требаше да се апси цело ЦО на СДСМ составено од над 100 души...

Инаку ова е стара теза која ја туркаат Миленко и Мирка во своите колумни и јавни настапи, според која наводно Грујо требало да спроведе една гломазна блицкриг операција на апсење на сета опозиција и критички новинари и аналитичари слична на онаа што сега се одвива во Турција од страна на Ердоган.

Но Ердоган се соочи со воен удар, додека Грујо се соочуваше со демократски удар со помош на докази за корупција, нешто што е нормално во земји кои сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО.

Апсењето на Заев беше дури и посакувано од СДСМ и само ќе ја забрзаше и ескалираше промената на власта. Заев побргу ќе станеше херој, немаше да мора да чекаме да дојде 27-ми април за да се случи токму тоа.

Грујо со апсење на Заев ќе си потпишеше брза политичка посмртница, со тоа де факто ќе станеше пред очите на сите она што беше де јуре, диктатор! Со тоа индиректно ќе ги признаеше снимките за вистинити, вака блефираше дека се неточни и дека на суд ќе пандат.

Грујо сепак одигра маестрално и за влакно ќе се спасеше. Одолжуваше, игнорираше, глумеше, тегнеше, и на крај успеа дури за влакно да направи граѓанска војна после која Македонија не ќе постоеше каква што ја знаеме, ама копилето ќе се спасеше од затвор.

Грујо одигра најдобро што можеше, мислам дека не направи ниту една грешка, односно, сите грешки што ги направи беа пресметани потези по принципот на играње на најмалку штетен потег, значи сите грешки му беа изнудени поради маесталната игра што му ја приреди опонентот, Муртинецот...

Клучен момент беше што Заев имаше три нешта кои беа пресилно оружје за генијалниот лудачки ум на Грујо и Мијалков, а тоа се бомбите, челичните муда и итрината!

Обидот да се омаловажи борбата на Грујо да се спаси е обид да се омаловажи подвигот на Заев да ја победи таа маестрална игра на режимот. Да резимирам - бевме сведоци на епски дуел за кој ќе се пишуваат книги. Грујо беше маестрален, Заев беше за среќа по маестрален. Секако подвигот беше со помош на Ахмети, Бејли и останатите кои помагаа, но и Грујо не беше сам, му помагаа Сашо, Хорхе, Ѕинго, Орбан, Курц, Стевчо, Амди се искусни манијаци и копилиња...

Факт е дека Грујо беше свесен дека е готов вечерта кога Заев го извести дека има милион снимки за сите криминали негови и на неговите министри. Беше свесен дека се уби сам себе со системот за прислушкување. Тоа е втората негова најголема грешка - што инсталираше систем со кој се снимаше сам себе како спроведува режим и профитира од тоа.

Првата грешка е што правел режим и крадел.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија