ДАЛИ ГЕРО ОДРАБОТУВА ЗА ГАЗДИТЕ ОД СРБИЈА?!

Објавено на 22.05.2018 во 14:45:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Замислете, во сред преговори за името, кога Заев и Ахмети стојат еден до друг и даваат заеднички изјави, кога ни е потребна максимална кохезија меѓу Албанците и Македонците за конечно да го решиме проблемот со името, Геро покренува паника и рчка меѓу-етнички тензии за некои песни на пијани навивачи?!?!

Па добро, дали овој човек веќе отворено одработува за своите газди од Србија, познато е дека Слободен Печат е во сопственост на Адрија Медиа Груп кои се од Белград, и дали Белград преку Геро се обидува да направи се што може за да пропадна некаков договор со Грција и влез на Македонија во НАТО?!

Се чини дека Геро бара безброј начини како да го одмогне процесот и со тоа сака да утепа неколку муви со еден удар, ем да му се одмазди на Заев што не го слуша и не му се јавува за совети, ем да се додвори на опозицијата и Бранковистите како голем новинар кој ете ја ебе владата, и плус да одработи и за газдите од Србија, и плус како последен бенефит и да го крене тиражот на тоа весничето?!?!

А Македонија кој ја ебе!

Инаку за поврзаноста на Геро со Србија, вреди да се спомене дека избрканиот српски шпион кој беше фатен во собрание на 27-ми април бил сместен во стан во Скопје сопственост на Геро!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија