ВИДЕО: ЧЕСТИТКИ ОД МАКТЕЛ - Газда Дестани и капитенот Хасани го подигнаа шампионскиот пехар во Тетово

Објавено на 22.05.2018 во 14:51:43 часот | Спорт

По вторпат во својата историја Шкендија е шампион на Македонија во фудбал, а попладнево во Тетово по последниот натпревар во ПМФЛ на домашен терен и победата од 4-0 над Пелистер, новиот шампион го подигна шампионскиот пехар.

Најнапред сопственикот Дестани, а потоа капитенот Хасани го подигнаа пехарот и се израдуваа на најголемиот успех во клупската историја на Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ соборија серија на рекорди, а уште поубедлива ќе ја направат сезоната ако в среда во Струмица го освојат Купот на Македонија. За тоа потребна им е победа финалето со Пелистер. 

Шкендија ќе ја претставува Македонија во квалификациите на Лигата на шампионите следната сезона.

 

 

* реклами

 

 

Спорт

Македонија