ЗАЕВ СИ ОСТАНА НА ЗБОРОТ: Андреј Жерновски се враќа на голема врата во политиката како заменик министер за надворешни работи

Објавено на 22.05.2018 во 21:19:06 часот | Македонија

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, се очекува да биде новиот заменик министер за надворешни работи. Жерновски беше пратеник девет години во три мандати, се до 2013-та година, кога стана градоначалник.

На локалните избори минатата година се откажа од повторна кандидатура и премина од ЛДП во СДСМ, изјавувајќи дека ќе стапи на висока позиција во владата, што и се случува со актуелната владина реконструкција.

Неофицијално, заменик – министер ќе стане и пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов, кој треба да го заземе местото на Арбр Адеми од ДУИ во Министерството за образование. Атанасов ова го објави утрината на својот ФБ профил.

Се дознава дека урологот Асим Муса од ДУИ ќе биде заменик-министер за здравство. Претходно беше соопштено дека економистот и поранешниот пратеник Бардил Даути од ДПА ќе раководи со Министерството за странски инвестиции, додека Мусадик Беќири од истата партија, ќе биде втор човек во Министерството за транспорт и врски.

Извесно е дека Роберт Алаѓозовски заминува од министерското место во култура, а на негово место седнува кадарот на Беса, Асаф Адеми.

Се очекува и смена на министерката за образование Рената Дескоска која ќе оди во правда, а на функцијата ќе биде поставен нејзиниот досегашен заменик Арбр Адеми.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет