(ФОТО) СКОВИН И ЕВРОПА ГИ ЗДРУЖИЈА СИЛИТЕ: Добро чоколадо и квалитетно вино, убиствена комбинација на плоштадот во Скопје

Објавено на 23.05.2018 во 22:10:51 часот | Бизнис

Сковин заедно со АД Европа изврши ко-брендирање на продавницата лоцирана на плоштадот Македонија во Wine & Chocolate - современ и елегантен салон во кој можете да ги пронајдете најубавите сортни вина од винаријата Сковин и највкусните ексклузивни чоколади и десерти од Европа. Со ова освежување, Сковин и Европа ги најавија своите заеднички намери да ја продолжат приказната со нов и модерен изглед, внесувајќи елегантен и современ призвук во својот бренд, кој е во чекор со светските брендови и трендови.

Комбинацијата на вино и чоколада тешко се одолева, претставува вистински погодок после напорниот работен ден, а може да биде и одличен подарок за саканите. Салонот Wine & Chocolate, кој е лоциран во Ристиќевата Палата на плоштадот Македонија, веќе ги отвори вратите за сите познавачи на квалитетните вина од Сковин и неодоливите слатки задоволства од Европа. Ве очекуваме!

 

 

* реклами:

 

 

Бизнис

Македонија