АНАЛИЗА НА ДУЕЛОТ: Мицко е микс на Грујо со Влахов Мицов, се чудам како ВМРО ДПМНЕ сеуште оди со истата стратегија на потценување на Заев, по се што им направи човекот, ги изеде како црна чума

Објавено на 23.05.2018 во 23:07:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


У рок од 2-3 години, Заев го уништи ВМРО ДПМНЕ, од цврст режим кој можеше да прави што сака и пливаше во пари, сега се како растурена мала бригада тифусари кој без нога кој без око и се шуњаат како изгубени и не знаат кој крај да го фатат.

Човекот ги изеде како црна чума.

И го гледам Мицко цели 2 саата го потценуваше Заев јавно, го исмеваше, го навредуваше, си играше со него како да е некое дете од вчера испилено...

Браво, ајде само така терајте, идете со истата стратегија. Далеку ќе стасате.

Исто така интересно беше што по некои прашања, како да го слушавме лудаков Влахов Мицов или Миленко.

А со ароганцијата како да во студиото беше духот на Груевски.

Практично, Мицко е некој микс на Грујо и Влахов Мицов, или Миленко, исто гомно.

А колку посакував да видам силен искрен паметен опозициски лидер кој ќе му парира на Заев со карактерот, харизмата, човечноста, интелигенцијата, итрината, хуманоста, визионерството...

Мислам дека дури и Заев посакуваше подобар противник. Ќе му биде многу досадно со овој копук наредните години. 

ВМРО ДПМНЕ, дајте друго дете, ве молам, ќе не умрете со овој шапшал, овој е за градоначалник на Зрновци, овој не е бре за премиер, комично е ова човече кое сака со ароганција и флоскули и претенционизам да заличи на лидериште.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија