Мене не ми е јасно што му е целта на Васко Ефтов, да му помогне на ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт или да направи никад да не се вратат на власт?!

Објавено на 27.05.2018 во 23:42:02 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Ок, Васко е куртон на ВМРО ДПМНЕ и тоа донекаде можам да го разберам, они во тоа замокот само така знаат со новинарите, за нив новинарите се стока која може да се купи на пазар и да се јава.

Они не знаат да изградат искрен однос со медиумите, да направат политики, да се реформираат со што ќе добијат позитивни критики од медиумите итн, за нив тоа е научна фантастика.

И ај со тоа донекаде сум помирен, мислам дека сите сме.

Но што прави Васко Ефтов овие денови, мене ич не ми е јасно. Он запнал да ги ништи Албанците?!!?!

Од каде сега ова? Он му помага на ДПМНЕ или му одмага? Ако мисли дека вака му помага тогаш јбг, они изгледа имаат сценарио од повеќе етапи, прво војна, па поделба на земјата, па да владеат со тоа што ќе остане од неа?!

Он перфектно знае дека ВМРО ДПМНЕ кога тогаш мора да коалицира со албанска партија, една или повеќе за да формира влада.

Која е таа влада која ќе коалицира со вакво ВМРО ДПМНЕ чиј медиски истурен играч директор на вмровската бастион телевизија секоја емисија повикува на војна со Албанците?!?!

Па дури и прави споредби со чистките на Србите од Хрватска, демек дава решение?!?!

Стварно во ВМРО ДПМНЕ владее тотален хаос и не знаат каде да тераат. Уште се чудат дали да му останат верни на Грујо, дали да раскрстат со него, дали да идат кон запад или кон исток, тотална збунка и невидена шашалдисаност.

Дури и жал да те фати. Овие нема да се опраат наредни години и години...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија