НА ZUCCHERO ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1500 ДЕНАРИ! 25 ЈУЛИ – ОХРИД – АНТИЧКИ ТЕАТАР!

Објавено на 29.05.2018 во 14:13:04 часот | Забава

Свесни дека предизвикавме огромен интерес за концертот на ZUCCHERO во Охрид кој ќе се одржи на 25-ти јули во Античкиот театар, со задоволство ве информираме дека конечно ги прецизиравме сите детали околу влезниците за овој голем музички настан кој веруваме дека ќе го одбележи летото во овој туристички центар.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда, 30-ти мај, преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

SILVER SEATS – 1500 денари
GOLDEN SEATS - 1990 денари 
ВИП (СТОЕЊЕ пред бина) – 3000 денари (само 300 билети ќе бидат во продажба)

ZUCCHERO кој важи една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали, доаѓа за прв пат во Македонија со своето best of шоу.

Концертот на ZUCCHERO, покрај нашите традиционални спонзори за оваа година, помогнат со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година.

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија