НА 50 YEARS OF JETHRO TULL ВО СКОПЈЕ, СО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1000 ДЕНАРИ! СКОПЈЕ – 16 ОКТОМВРИ – СРЦ КАЛЕ

Објавено на 29.05.2018 во 14:14:16 часот | Забава



После минатонеделното отворање на концертите во Софија и во Белград, со задоволство ве информираме дека конечно ги прецизиравме сите детали околу продажбата на влезниците за овој голем културен и музички настан, концертот на JETHRO TULL во Скопје.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во вторник, 29-ти мај, во 9 часот наутро, онлајн на avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1000 денари
ФАН ПИТ – 1500 денари
ТРИБИНИ (седење) – 2000 денари

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“. 

Се гледаме на 16-ти октомври, во СРЦ Кале!

Авалон Продукција

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија