Мицковски, еве како можеш во блиска иднина да го победиш Заев на избори

Објавено на 29.05.2018 во 22:29:13 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Кога би гласал за ВМРО ДПМНЕ? Што може и треба Мицковски да направи за да го победи Заев наскоро на избори?

1. Да се дистанцира од Никола Груевски и целата ера на Груевизмот. Тоа да го направи со осуда и извинување на целиот тој период.

2. Да почне да ги фали добрите политики на владата и да се радува на успехот на државата.

3. Да најде грешки во работата на владата и да предложи решенија и да биде уверлив дела тие решенија се изводливи и дека се добри.

4. Да разбере дека Македонија е земја на СИТЕ а не само на Македонците.

5. Да каже јасно дека земјата што побргу треба да влезе во ЕУ и НАТО.

6. Да почне да ја почитува демократијата и медиумите.

7. Да понуди подобар начин како да се збогатиме сите.

8. Да понуди начин како да го намалиме долгот, како да имаме подобра инфраструктура, подобра администрација, постабилна енергетска состојба.

9. Да понуди решение за еколошките проблеми.

10. Да покаже и докаже дека е чесен човек, дека е доблесен, дека има срам, дека ја почитува јавноста, дека има добра намера за земјата, дека не се бори за власт за никад да не си замине од власт...

11. Да разбере дека со соседите не смееме да се караме по никоја цена па макар попуштале и прогледувале низ прсти, затоа што сме најмали и немаме излез на море или на река која е како море...

12. Да ја вратат партиската зграда на народот, и да се префрлат во помала зградичка, по можност барака со едно црвено лавче напишано со спреј на влезната врата...

......

Еве ти Мицковски совет како можеш да дојдеш на власт. Оваа колумна ти е гратис од мене.

Оваа колумна ако ја земеш сериозно може да те донесе за некоја година на власт.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија