Во секој момент очекувам Геро да ги повика Бачев, Мирка, Миленко и Пандов заедно да организираат упад во владата за да го кољаат предавникот Заев!

Објавено на 31.05.2018 во 15:42:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Пред неколку дена Геро во колумна вети дека ќе молчи на темата име, доволно се мешал, сега ќе оставел на политичарите да го бранат решението.

Дури и тоа беше курвински потег, затоа што пред тоа направи паника дека Заев е предавник и потоа рече дека ќе си молчи со тој притекст, но очигледно дури и тоа не било доволно за да наштети.

За да денеска го прекине дури и тоа курвинско ветување, па распука со две колумни во кои ја обвинува владата и целата јавност дека ја предала македонштината за пет пари, пука по МПЦ, сака да ги бричи владиците, буквално очекувам секој момент да повика на народно востание и заедно со Бачев, Мирка, Миленко и Пандов да одат да го кољаат Заев, да ја довршат работата на Ќосињата.

Пред еден месец го предвидов сето ова. Ви реков дека Геро е водач на една банда околу Бихачка на која помислата дека Заев ја внел Македонија во НАТО и ЕУ им е толку одвратна што просто добиваат пролив и повраќање во исто време кога ќе помислат на тоа.

Затоа Геро сега ќе ја употреби својата сила како уредник на два силни медиуми и заедно со Милчин ќе ја употребат и Сорос фондацијата и целата таа НВО банда за да му помогнат на ВМРО ДПМНЕ, Хорхе, Бачев, Солза, Стевчо и останатите играчи на Белград и Москва за референдумот да не биде успешен.

Сите овие луѓе сега работат против Македонија, едни затоа што се платени за тоа, едни затоа што органски не го варат Заев, други пак затоа што не се задоволни со поделбата на картите по победата, очигледно очекувале да бидат многу моќни кадровици па сега се спремни да ја уништат Македонија, иако они можеби само си мислат дека до крах на земјата нема да дојде, само ќе остане да ферментира како комиње... За да тие чекаат идна прилика за друга поделба на картите па евентуално нешто да упецаат.

ХОШТАПЛЕРИ!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија