Зошто Телма ги дели граѓаните на Албанци и Македонци во анкетите?!

Објавено на 31.05.2018 во 20:01:38 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Мислам дека се работи за некаква инерција, не верувам дека Телма има некаква зла намера, но сепак би требало конечно да престанеме да ги делиме граѓаните на Албанци и Македонци во анкетите, небаре се две различни раси на животни.

Во земјава има и Роми, Турци, Срби, Власи, Бугари итн, ајде сега и нив да ги мериме башка и да имаме толку многу пити на кајроните и сите да ги делиме во трла...

Луѓе, во Арачиново победи жена од СДСМ, готово е со поделеното општество!

Ајде полека сите да се навикнуваме на тоа!

Време е и анкетарите да престанат да не делат на бели овци, црни овци, рунтави овци, овци со рогови, сите сме овци и точка!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија