ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ УМЕТНИК ЗА НАРОДНИТЕ МАСИ НА БАЛКАНОТ, СИНАН САКИЌ!

Објавено на 01.06.2018 во 15:40:35 часот | Балкан

Отиде уметникот кој со децении беше извор за голема забава за народните маси, Синан Сакиќ! Неговите песни беа карактеристични по неговиот глас кој звучеше како човекот да ќе се расплаче секој момент, некако тонот беше развлечен и тужен, како некој да го нагазил со трактор на ногата... Но на народот на цел балкан тие негови песни многу му се допаѓаа и човекот беше мега ѕвезда. Нормално, неговите песни се вртеа главно на тема жени и кршење чаши по кафани, нема тука многу компликации и филозофирање...

Познатиот српски турбо-фолк пејач Синан Сакиќ почина утрово во Белград, по битката со тешка болест на црниот дроб.

Тој лани имаше операција за вградување стентови во жолчните канали, но редовните прегледи востановија дека тоа не е трајно решение и мораше да се изврши трансплантација на црн дроб. Пред неколку дена  беше префрлен во Падова, Италија, заради трансплантацијата, но за жал, битката со опаката болест е изгубена.

Синан Сакиќ е роден на 13 октомври 1956 година. Пејачката кариера ја почна 1978. со песнните „Растанак крај реке” и „Срели смо се много касно”. До 2017 година тој издаде 29 музички албуми.

 

 

* реклами

 

 

Балкан

Македонија