Народе, свесни ли сте дека сме пред портите на рајот, нема да знаеме што да правиме со парите, оваа година ќе ја завршиме со 600 милиони евра странски инвестиции и уште 300 милиони домашни инвестиции, догодина ќе имаме 1 милијарда странски и уште 500 милиона домашни, дојде животот луѓе!!!

Објавено на 04.06.2018 во 12:21:42 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Според извештајот на Народна Банка на РМ, во првите 3 месеци од оваа година сме имале 230 милиони евра странски инвестиции.

Оваа бројка ако продолжи во текот на целата година може да достигне межу 500 и 700 милиони евра. Домашни инвестиции ќе се околу 300 милиони евра.

Догодина кога ќе започнат сите најавени инвестиции кои ги најавуват дуото Заев - Анѓушев, разните хидроцентрали, патишта, железари итн итн, тоа значи дека странските инвестици во 2019-та ќе се околу 1 милијарда а домашните околу 500 милиона евра.

Тоа значи дека оваа и наредната година вкупно ќе имаме над 2 милијарди евра инвестиции, што домашни, што странски. И тоа инвестиции не во фасади, тркала и споменици, туку во фабрики, хидроцентрали и патишта кои потоа ќе враќаат со плати, наплатен ддв, наплатени давачки за пензиско и здравствено и побрз и поефтин транспорт на роба и луѓе.

Свесни ли сте што значи ова?!?! Овој тренд очекувам да расте во текот на наредните години.

Очекувам да влеземе во НАТО и да почнеме преговори со ЕУ.

Очекувам да заборавиме што се меѓу-етнички немири, што е политичка криза, што се упади во собранија и разни големи скандали...

Во меѓувреме државата на време го враќа ДДВ-то и ги исплаќа фактурите за разните сработени тендери и набавки, значи парите се вртат а не се закочени. Тоа ја подобрува ликвидноста, нема стечаи, нема банкроти, или истите се сведени на минимум.

Со либерализацијата на пазарот на струја, ќе се намалат трошоците на фирмите со што ќе станат поконкурентни на домашниот, регионалниот и странските пазари.

Стотиците милиони евра кои ги обезбеди Тевдо во вид на грантови и ефтини кредити од европските банки ќе значи ефтин капитал за домашни инвестиции за компаниите што ќе значи дополнително намалување на трошоците што пак ќе значи раст на профитите на фирмите.

Економскиот план на Анѓушев пак ќе значи субвенции за домашните и странските инвестиции.

Реформата во судството и институциите ќе значи уште поголема сигурност за фирмите без партиски мафијашки рекет и преземања.

Богатите ќе почнат да ги враќаат парите од надвор и од под душек и ќе почнат да ги инвестираат со цел да ги оплодат.

Очекувам да има избори секоја 4-та година со што на економијата ќе и се даде доволен период на стабилност да се развива.

Ова значи раст на платите, нови работни места, раст на профитите на ситните, средните и големите компании, раст на извозот...

Луѓе нема да знаеме што да правиме со парите!!!

ДОЈДЕ ЖИВОТОТ!!!

 

П.С Потсетување на сите досегашни домашни и странски инвестиции за една година власт на СДСМ:

1. ПОДГОРКА, СТРУГА, 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во посета на фабрика во изградба кофинансирана од ИПАРД: Домашните инвестиции охрабруваат и ја движат економијата напред

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, советничката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ленче Николовска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во рамки на вчерашната посета на Струга одржаа работен состанок со претставници на компанијата „Подгорка“.

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски на работниот состанок ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија којашто ќе се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која до крајот на 2019 година ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

2. ХОТЕЛ МЕРКУР ТЕТОВО, 8 МИЛИОНИ ЕВРА

Во Tетово e отворен хотелот Меркур, дел од хотелскиот синџир на АКОРД Груп, кој има над 4.000 хотели во светот. Хотелот Меркур има капацитет од 101 соба, а покрај вообичаениот ресторан, нуди и панорамски ресторан со поглед од 360 степени. Вредноста на инвестицијата изнесува 8 милиони евра, а хотелот ќе вработи речиси 80 лица. Сопственикот Шефки Идризи нагласи дека целта како инвеститор е да создаде убава градина за туристите и нивно запознавање со природните ресурси во земјава.

3. ИСТ ГЕЈТ, КОМПЛЕКС СТАНОВИ И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА СКОПСКИ САЕМ, 350 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ

Групацијата „Балфин“ го презентираше проектот наречен „Ист гејт“ кој се состои од станбени згради, канцеларии и трговски центар кои ќе никнат на местото на халите на поранешен Скопски саем.

„Ист гејт“ е планирано да се простира на површина од 152.000 квадратни метри. Проектот вклучува трговски центар чија нето површина за изнајмување ќе биде 51.000 квадратни метри, станбен комплекс со 1.600 станови и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67.000 квадратни метри.

Трговскиот центар се најавува како „најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија“, со голем број светски брендови, содржини за забава, фитнес, како и паркинг простор за повеќе од 2.000 автомобили.

Во станбениот комплекс ќе има паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25.000 квадратни метри. Целиот проект се планира да се комплетира во период од пет до седум години, а инвестицијата ќе чини 350 милиони евра.

4. ФАБРИКА НА БАУМЕР, СКОПЈЕ

Владата на седница ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, со нацрт – договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, чија матична компанија е Baumer Holding AG од Швајцарија.

5. ВТОРА ФАБРИКА НА АНТУРА, КОЧАНИ, 9 МИЛИОНИ ЕВРА

Отворен втор погон на холандската „Антура“ во Кочани – инвестиција од 9 милиони евра и 250 нови вработувања.

6. НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРА, ПРИЛЕП 1 МИЛИОН ЕВРА

Прилепска пиварница пушта нова линија за производство на пиво и безалкохолнии газирани пијалоци во пластична амбалажа. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, направена со сопствени средства, без кредитирање. Ова денеска го изјави генералниот директор на компанијата Сашо Самарџиоски, при посетата на оваа фирма од страна на делегација од Општина Прилеп.

7. ФАБРИКА НА ВИК ГРУП, ПРИЛЕП, 6 МИЛИОНИ ЕВРА

Владата на Република Македонија потпишан e договор за државна помош со германската компанија ВИК Груп, која во ТИРЗ - Прилеп гради фабрика за производство на мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Договорот во име на Владата го потпиша министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, а во име на инвеститорот, сопственикот на групацијата ВИК, Христоф Дерн и директорот на ВИК Македонија Хелмут Румлер.

Министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, информираше дека станува збор за почетна инвестиција од 6 милиони евра и 60 нови работни места, со план во наредните пет години инвестицијата да достигне вредност од околу 12 милиони евра и вкупно илјада нови работни места.

8. НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ВИТАМИНКА ПРИЛЕП 1 МИЛИОН ЕВРА

Менаџерскиот тим на П.И. „Витаминка“ ја презентираше последната инвестиција, но ја истакна и подготвеноста на компанијата за сестрана соработка со Општина Прилеп.

Првата е инвестиција во фабрика број еден, каде што градиме нов фабрички ресторан за нашите вработени и ги прошируваме канцелариските простории, за да ги подобриме условите за маркетинг. И втората инвестиција е во фабрика број два, со нов магацин за готови производи на површина од 3.000 квадратни, современо складиште со три различни зони. Освен тоа планираме и изградба на фотоволтаици за производство на струја за објектот“, рече Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“.

9. АЛКАЛОИД ОТВОРИ НОВИ ПОГОНИ ВО СКОПЈЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ во присуство на претставници на менаџментот официјално пушти во употреба три инвестициски проекта: Погон за производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми.

Новите производни одделенија, соопштија од компанијата, се простираат на површина од 1000 м2 а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над 2,5 милиони евра.

10. ФАБРИКА НА МУРАТ ТУЏАРЕТ, СКОПЈЕ, 6,6 МИЛИОНИ ЕВРА

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Ѓулсој појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од повеќе од 6.000 квадратни метри и да се вработат околу 300 лица. Во периодот од 10 години, компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупниото производство би се простирало на околу 18.000 квадратни метри.

11. РУДНИК НА ВОЛОУСТОН, ПРИЛЕП 7,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и сопственикот на македонско-турската компанија „Волостоун“, Муталип Буши, денеска во просториите на Општина Долнени го потпишаа договорот за концесија за детаљни геолошки истражувања на минерални суровини. Станува збор за инвестиција од 7,3 милиони евра, што ќе бидат распределени помеѓу Владата и двете општини, Прилеп и Долнени. Во согласност со Законот за минералните суровини, 78 отсто од парите ќе им припаднат на општините. На сметката на Општина Прилеп веќе се легнати 2 милиона евра, а на сметката на Општина Долнени 3,7 милиони евра.

12. ФАБРИКА АКОМПЛАСТ, ПРИЛЕП, 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Реномираната германска компанија “Акумпласт”, денеска, во Прилеп официјално го стартуваше својот нов погон – “Инџекшн Молдинг Прилеп” каде ќе се произведуваат софистицирани делови за автомобилската индустрија. Фабриката која се наоѓа во ТИРЗ “Алинци” започна да се гради пред 18 месеци и ќе обезбедува 250 вработувања.

На свеченото пуштање во употреба на оваа странска инвестиција, присуствуваше и вице- премиерот во новата Влада на РМ, Кочо Анѓушев кој најави продолжување на веќе востановената агенда за привлекување на странски инвестиции во земјава.

13. НОВ ПОГОН НА МАКПРОГРЕС ВИНИЦА, 650 000 ЕВРА

Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес денес официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд Фантазија. Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи, што ќе им овозможат брза и лесна подготовка на омилените рецепти. Инвестицијата во вредност од 650.000 евра, ќе обезбеди нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

14. НОВА БЕНЗИСКА ПУМПА НА ЛУКОИЛ, 1 МИЛИОН ЕВРА

Руската нафтена компанија „Лукоил“ ја проширува мрежата од бензински станици.

Денеска во населбата Трубарево беше отворена 28та по ред бензинска станица во Македонија, а осма по ред во Скопје.

Компанијата „Лукоил Македонија“ е присутна на македонскиот пазар веќе тринаесет години и е една од 10 најголеми странски инвеститори во земјава.

15. НОВА ФАБРИКА, ПАЛКОМАК, ИЛИНДЕН, СКОПЈЕ, ПОЛА МИЛИОН ЕВРА

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, на свечен начин беше предаден во употреба нов дистрибутивен и логистички центар на компанијата „Палкомак“, која што се занимава со репроматеријали за прехранбената индустрија.

Новиот центар изграден е на површина од 800 квадратни метри, а според инвеститорите во него се инвестирани над половина милион евра македонско-германски капитал.

16. НОВ ВЕРО ЏАМБО, БИТОЛА, 1 МИЛИОН ЕВРА

Најновата инвестиција на компанијата „Веропулос“ под брендот „Jumbo“ им се приклучува на постојните три маркети во Скопје, Битола и Тетово. Со неа, „Веропулос“ континуирани продолжува да ја поддржува домашната економија преку соработката со локални добавувачи и партнери, како и со отворање нови работни места за локалното население. Компанијата „Веропулос“ стана сопственик на новата зграда во која е сместен Џамбо маркетот, што ја прави новата инвестиција вредна повеќе од 1 милион евра. Во овој маркет ќе бидат вработени 36 лица, со што вкупната бројка на вработени во компанијата „Веропулос“ во земјава ќе достигне 1.050 лица.

17. НОВ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР НА ТИНЕКС ВО ПЕТРОВЕЦ, СКОПЈЕ, 8 МИЛИОНИ ЕВРА

Од страна на водечкиот ланец на маркети во Македонија, Тинекс, денеска беше организирана конференција по повод започнувањето со работа на новиот логистичко- дистрибутивен центар на ланецот маркети.

Со овој капитален објект, Тинекс е првиот ланец на супермаркети во Македонија кој располага со современ логистичко- дистрибутивен центар.

Центарот, кој неодамна започна со работа, се наоѓа во индустриската зона Чојлија, во Општина Петровец и претставува инвестиција вредна 8 милиони евра.

18. ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ, СКОПЈЕ

На 1-ви декември, 2017-та година започнува со работа новата компанија за осигурување на живот, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. Дел од Групацијата Триглав, најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, Триглав Осигурување Живот, влегува на македонскиот осигурителен пазар поткрепена со моќен бренд, како и со експертиза и квалитетни производи, својствени за Групацијата.

19. „Џемдаг Лајтинг Европа“. Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра

На последната владина седница се донесени повеќе одлуки. Дадена е согласност за закуп на земјиште во зоната „Бунарџик“ на компанијата „Џемдаг Лајтинг Европа“. Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра треба да отвори 100 работни места. Договорот ќе биде потпишан кон средината на овој месец.

20. Хотел Јуник Спа Охрид, 10 милиони евра

Сместен во срцето на Охрид, денес хотелот „Unique“ ги отвори вратите за сите оние кои се во потрага по нови уникатни искуства.

На денешното свечено отварање присуствуваше Премиерот на Република Македонија,кој се обрати пред присутните гости и посака да продолжат ваквите инвестиции,бидејќи бенефитот секогаш е на страна на граѓаните,воедно посака многу успех на работата на хотелот „Unique“ и порача и останатите бизнисмени да тргнат по стапките на инвеститорот АД „Илинден“ од Струга.

21. АДИЕНТ СТРУМИЦА, 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Потпретседателот Тефлик посочи дека ова е најголемата и најмодерна фабрика во регионот, инвестиција од над 20 милиони американски долари во која „Адиент“ ќе вработи повеќе од 1.300 лица, дополнително, како што рече, потврдувајќи ја својата силна заложба за инвестирање во македонската економија.

22. ЗЕНИТ ИНТЕРНЕШНЛ, 3 МИЛИОНИ ЕВРА

23. БАЛКАНЛАР ПЛАСТИК, 8 МИЛИОНИ ЕВРА

24. САГЕН, БУНАРЏИК, 20 МИЛИОНИ ЕВРА

Фармацевтската компанија „Саген“ со седиште во Тирана ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра во капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во кој планира да вработи околу 300 лица.

Како што информира директорот на ТИРЗ Скопје 1 Александар Младеновски на денешната прес-конференција во Владата, инвестицијата ќе биде поделена во три фази, а изведбата на производствениот капацитет ќе започне во јуни годинава.

25. КЕСЛЕР, БУНАРЏИК, 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Германската компанија Кеслер ќе отвори фабрика во индустриската зона „Скопје“ 1 откако потпиша договор со ДТИРЗ и директорот Александар Младеновски.

Согласно договорот компанијата добива на користење градежно земјиште со површина од 1,3 хектари, а според најавите од компанијата предвидена е изградба на објекти во две фази во кој ќе се врши производство на електромотори. Во рамки на инвестицијата предвидено е и воспоставување на центар за заеднички и инжинерски услуги и развој на нови производи на компанијата Кеслер во Македонија.

Компанијата Кеслер најави дека планира да започне со работа кон крајот на 2018-та година, а производството ќе биде наменето за германскиот пазар. Се планираат најмалку 80 работни места во наредните три години, машински и електро инжинери, како и друг висококвалификуван кадар. 

26. ДОГАН АУТОМОТИВ, 1 МИЛИОН ЕВРА

На почетокот на февруари годинава турската компанија Доган Отомотив поточно Друштво за производство, трговија, промет и услуги ДОГАН ОТОМОТИВ ДОО увоз – извоз Скопје,   донесе одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје 1. На владина седница министрите ја прифатија предлог одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 за оваа нова турска инвестиција. Доган Отомотив во ТИРЗ Скопје 1 во првата етапа на површина од 13.000 м2 ќе изгради објект од 3500 м 2.

Висината на инвестицијата за првите три години е предвидено да изнесува околу 700.000 евра во опрема и машини, околу 300.000 евра за целокупниот организациски процес и секако дополнително средства за изградба на производствениот капацитет. Првично предвидено е да се вработат околу 30 лица во производство и маркетинг кои за потребите на производство ќе бидат испратени на обуки. Со зголемувањето на производството и со модернизацијата бројот на вработени ќе се зголемува.

27. ЧАТАГАЈ КАБЛО, 6 МИЛИОНИ ЕВРА

Кон крајот на јануари 2018 година, Владата донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која вече гради во Бунарџик и се очекува скоро да почне со работа. Вкупната инвестиција изнесува  шест милиони евра и етапно планира да вработи 300 лица.

28. КОСТАЛ, ЕМО ОХРИД

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Leopold Kostal GmbH & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија.

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија