НА MASSIMO SAVIĆ ВО ОХРИД ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 690 ДЕНАРИ! 14 ЈУЛИ – АНТИЧКИ ТЕАТАР

Објавено на 04.06.2018 во 16:45:53 часот | Забава

Сакаме да ве информираме дека ги прецизиравме сите детали околу влезниците за ексклузивниот концерт на MASSIMO SAVIĆ кој ќе се одржи на 14 јули во Античкиот театар во Охрид.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба уште од утре, во 09 часот наутро, онлајн преку avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

SILVER SEATS – 690 денари
GOLDEN SEATS – 990 денари
ФАН ПИТ (стоење) – 990 денари (само 300 карти ќе бидат во продажба)

Еден од најсупериорните вокали на Балканот, MASSIMO SAVIĆ, доаѓа за прв пат во Охрид и за прв пат на open air концерт во Македонија, во рамки на летната балканска турнеја во која го промовира својот најнов студиски албум, насловен „Sada“. 
Премиерно во Охрид ќе бидат изведени песните од новиот албум, а се разбира и легендарните: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“...

Концертот на MASSIMO, покрај нашите традиционални спонзори за оваа година, e помогнат со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година.

Авалон Продукција

 

 

* реклами

 

 

Забава

Македонија