ЛУЃЕ, РАЗБЕРЕТЕ, ДЕНЕСКА НЕ МОЖЕ ДА ИМА НОВИ ЛАТАС, МИЛЕНКО И ЈАНКО ЗАТОА ШТО НЕМАМЕ РЕЖИМ И КРИМИНАЛНА ДИКТАТУРА НА ВЛАСТ!

Објавено на 04.06.2018 во 20:48:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Денеска напишав колумна на база на податокот од народна банка дека во првите 3 месеци имаме 230 милиони евра странски инвестиции.

И врз база на листата од над 25 домашни и странски инвестиции кои се движат од 1 милион па се до 350 милиона евра новата инвестиција во Скопски Саем.

Потоа извлеков логички заклучок дека ако продолжи овој тренд, годината ќе ја завршиме со околу 600 милиони евра странски инвестиции и околу 300 милиони евра домашни.

Ако се знае дека сме пред решавање на името со Грција и влез во НАТО, за очекување е дека наредна година ќе имаме најмалку 1 милијарда странски инвестиции и околу 500 милиони домашни.

Заедно со другите движења во економијата и останатите мерки на владата, сосема логично и за очекување е сите овие околу 2 милијарди евра инвестиции да се одразат многу поволно врз растот на платите и отворањето на работни места.

Во пишувањето на колумната го имав во обзир податокот дека наскоро почнува изградба на 270 милиони евра вредни патишта, браните Чебрен и Галиште вредни 200 милиони евра, железарата на ИГМ вредна 60 милиони евра, довршувањето на автопатите кои исто така ќе изедат уште околу 100 милиони евра, потоа пругата кон Бугарија која ќе се довршува со исто така грантови во висина од околу 100 милиони евра, новата клиничка болница која е проектирана на околу 400 милиони евра итн итн...

И веднаш бев бомбардиран со напади дека јас сум новиот Латас?!?!

Како бе луѓе не разбирате дека Латас измислуваше бројки од газот ги вадеше и бранеше режим и криминална диктатура на власт која се служеше со силата на полицијата, подземјето и судовите за да остане на власт?!

Дури во текот на денот сигна податок дека извозот оваа година за 3 месеци пораснал за 30%?!

И вие мислите дека сите тие милиони нема да се одразат врз нашите плати и приходи?! Зошто сте станале бре толкави скептици и песимисти?!

Како не разбирате дека денеска не е можно да имаме нови Латас, Јанко и Миленко, затоа што немаме режим?!?! Немаме криминална банда на власт?!

Како не ви е јасно дека не е исто да пофалиш добра влада со реални резултати и да пофалиш диктатура со измислени бројки?!?!

Како ова веќе не ви е јасно ви се чудам?!

Се повеќе мислам дека омразата и хејтањето и критицизмот кон владата е еден гнев од пуста нервоза и љубомора што сите не може да бидат министри и да имаат плата од 1000е, па од завист и љубомора сите вриштати и кризираат и не читаат ни бројки ни бутур само фрлаат со дрва и камења....

Јас немам друго објаснување за овој гнев и оваа хистерија која владее на социјалните мрежи...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија