ДРУЖЕ ЗАЕВ, НЕКОЈ НЕКА ТИ ЈА ПРЕПРАТИ КОЛУМНАВА: НА СДСМ МУ ТРЕБА НОВА МОЌНА МЕДИСКА ПРОПАГАНДА ЗА ДА ГИ РАЗБИЕ МИТОВИТЕ ВКОРЕНЕТИ ВО ПСИХАТА НА ЈАВНОСТА ПО 10 ГОДИНИ РЕЖИМ И БЕЗМИЛОСНА ПРОПАГАНДА!

Објавено на 05.06.2018 во 22:05:23 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ВМРО ДПМНЕ 10 години го бомбардираше народот од сите можни медиски орудија.

Сакаш телевизии, ток шоуа, книги, документарци, радија, весници, портали, учебници, трибини, концерти, питијади, митинзи, контра протести, музички песни, видео-спотови, архитектура...

Тоа траеше 24/7, 10 години, безмислосно, во тоа се вложуваа околу 100 милиони евра годишно, беа впрегнати илјадници куртони, експертутки, квази уметници, бараби и битанги!!!

Маси и маси на народ беше мелен како месо за виршли, мозоците на стотици илјади Македонци трајно се спржени!!!

И вие сега очекувате, одеднаш режимот да се угаси, и се да се врати на свое место?!

Не бе дечки, тие митови, тие суеверија, таа омраза, таа психа на јавноста е така сетирана што оваа јавност ќе мисли исто наредните години по инерција, затоа што така е научена...

На Заев нема да му успеат политиките ако не се промени свеста на народот...

А тоа ќе се случи само ако се впрегне нова медиска пропаганда за бришење на митовите и суеверијата и омразата која е посеана во земјава изминатава декада и сега ги береме плодовите...

Затоа во јавноста владее хистерија, затоа ВМРО ДПМНЕ успеа да напраив голем митинг, затоа што омразата кон Албанците, кон Бугарите, кон Грците, кон западот е толку голема и толку вкоренета, омразата кон СДСМ, Заев, итн е дури потсвесна, Македонците се така чипирани, кодирани, не се ни свесни за тоа, затоа чочекот пред тунелот сеуште ги нервира сто пати појако од сите украдени милиони на Груевци.

Само тешка силна масивна пропаганда за враќање на земјата на прав правец, ништо друго нема да помогне другари!!!

Македончето мора да научи кои треба да се неговите херои, неговите идоли, за кого треба да гласа, кои политики треба да ги подржи!

Само од себе ова нема да се намести, затоа што ВМРО ДПМНЕ секогаш ќе профитира од негативните нагони и свест на јавноста која е трајно свртена кон десно, голема сила и напор и пари треба да се впрегнат за јавноста да се врати пак на нулта точка.

Токму поради тоа масовно ПРЖЕЊЕ НА МОЗОЦИ, ВМРО ДПМНЕ успеа да извади 450 000 гласови на последните парламентарни избори, иако слушнавме над 100 бомби во кои се краде, тепа, крева со динамит, затвора, па дури и убива! Народот е претворен во зомби!

Да точно е ги згазивме на локалните избори, но тоа е затоа што тепавме со по 50, 100 или 500 гласови разлика во градовите со по 50 000 народ па сумарно имаме многу градоначалници, но сумарно ВМРО ДПМНЕ пак освои многу гласови.

Исто така сеуште имаме многу неутралци кои сеуште мислат дека двете страни се исти, и тепачите и тепаните?!?! Имаме дури и членови на СДСМ кои нешто мрчат и мрсат муда за владата?!?!?!

Тоа е така затоа што вмровската пропаганда беше мултилатерална, таа делуваше тројно, ги дразнеше вмровците, ги неутрализираше неутралците и ги деморализираше левичарите. И последиците се чувствуваат уште!

Новата пропаганда на СДСМ треба да им ја каже вистината на десничарите, неутралците и левичарите, сите треба реално да ја видат сликата за многу работи, а за тоа не се доволни насмевката и оптимизмот на Заев, тој е голем човек, но не е супермен!

Како да се изведе тоа? Без цензура, без диктатура, без пропаганда платена со народни пари, тоа секако!

Ни требаат само партиски телевизии како што е Алфа на пример, кои ќе бидат финансирани од членови и бизнисмени блиски до СДСМ кои ќе го прават тоа волонтерски без да бидат наградени за тоа со тендери и слично.

За тоа не се потребни големи пари, една кабловска телевизија чини околу 50 000е месечно, за една голема партија како СДСМ тоа е мачкина кашлица.

Ако не го стори тоа, СДСМ брзо ќе биде поразена, и Македонија пак ќе се врати во бездна и прашање е дали воопшто некогаш ќе излезе, можби сега имавме среќа со Груевизмот...

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија