Нешто чудно се случува во македонските ТВ дебати...

Објавено на 06.06.2018 во 13:05:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Штотуку ја гледав дебатата на 24 Отворено на ТВ 24 и забележав еден многу чуден феномен кој досега не сум го видел на македонските тв дебати.

Двајца од учесниците, водителот и уредник на ТВ 24, Чадиковски, и гостинот Шишовски цело време во дебатата своите тези ги аргументираа со реченицата "така е впечатокот, погледнете ги социјалните мрежи".

Значи за нив, тезите, теориите, ставовите не вреди да се поткрепат со своја сопствена анализа врз база на настаните кои се случуваат, туку врз база на тоа што другите мислат и коментираат?!

Ја стварно не знам какво е ова новинарство и експертиза кога не вадиш сопствен заклучок за нештата туку се повикуваш на хистеријата на социјалните мрежи?!

Значи сега тие, социјалните мрежи, предводени од стотици вмровски лажни ботови и стотици хистерични сезнајковци, тие ќе го креираат јавното мислење и ќе се повикуваме на нив за вадење заклучок за нештата?!

Нема да мислиме со свои глави и да вадиме наши заклучоци за тоа дали владата работи добро, дали ги изневерила нашите очекувања итн итн, туку за тоа ќе судиме според паниката на социјалните мрежи?!

Ова е нешто неверојатно според мене, сега со ова на хистериците на социјалните мрежи им се дава многу голема моќ, не само што прават паника таму, на социјалните мрежи, сега нивната паника ќе се пренесува и во другите медиуми како факт од кој ќе се вадат судови, тези и анализи за ситуацијата во општеството?!?!

Ова е феномен кој би можел да се нарече ПРОПАГАНДА НА ХИСТЕРИЦИТЕ, пропаганда која е овозможена поради мрзата и нензаењето и аматеризмот на многу аналитичари кои си дозволуваат хистеријата на социјалните мрежи да ја земаат здраво за готово како став на целото општество?!?!

Се знае дека тоа може да биде така само со релевантните анкети, па дури и тие треба да се земат со резерва во одредени моменти. Појдовна точка за анализа треба да бидат само бројките, реалноста, разумот и логиката, ништо друго!!!

Ова е опасен феномен кој искрено не го очекував, но во земјава се е можно, ние сме млада демократија и разни забегувања се можни секој момент!

Значи едно 1000 твитерџии повеќето и 20 годишни или пак луѓе со сосема други полиња на експертиза и тотално непознавање на политика економија и дипломатија и фб фаци незадоволни кој што не бил вработен, кој воден од својот идеализам, кој од својата нестрпливост, кој од омраза кон овие или оние, сите тие заедно ќе одлучуваат каде да се движиме како општество?!?!

Не искусни новинари, уредници, аналитичари, експерти кои водеин од своето искуство, знаење, напори да се биде објективен итн со своите ставови ќе му даваат насока на општеството па и на јавноста што значи и на хистериците на социјалните мрежи, сега е обратно, хистериците го даваат темпото и насоката на општеството па и на експертската и новинарска елита?!?!? Па ова е лудило бре луѓе!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија