(ВИДЕО) Што се случува со светот: Успешна модна дизајнерка, милионерка, со сопруг и малолетна ќерка, со стан во елитниот Менхетен, со слугинки, шофери итн, се самоуби поради депресија?!?!

Објавено на 06.06.2018 во 15:02:38 часот | Црна Хроника

Цел свет се бори да опстане, милиони бегаат од воени жаришта, пливаат со чамци по средоземно море, некои пешки цепаат по пруги и шуми, милиони Мексиканци трчаат по пустините во Тексас за да пребегаат преку Америчката граница за цел живот да перат судови и пак се среќни, накои се борат со разни болести и инвалидитет и пак не се откажуваат а од друга страна успешни милионери со станови вредни десетици милиони евра со слуги шофери лични готвачи итн се самоубиваат поради депресија?!?!

Самиот факт дека можат да летаат во прва класа во авион, значи да лежат во кревет додека летаат во облаците и кога ќе стигнат да бидат свежи и наспани наместо згужвани и испотени или пак да можат кога посакаат да одат на крузинг со брод низ светот би требало да ги држи овие луѓе насмеани 24/7, но они се бесат на врв од облакодери во сред Њујорк?!?! Да не збориме за сите можности да се руча и вечера во најдобрите ресторани со јадења кои порано ги јаделе само кралевите, личните шофери, можноста да пливаат во најдобрите одморалишта на светот, можноста да помогнат на илјадници луѓе со хуманитарна активност, адреналинските шетања по разни џунгли, посети на безброј туристички атракции итн итн?!?!

 

 

* реклами

 

 

Црна Хроника

Македонија