Хајката против Рашковски не е случајна конструктивна критика, туку е пресметана организирана злобна хајка на сите кои го мразат Заев па удараат по самарот затоа што не можат по магарето

Објавено на 06.06.2018 во 22:37:23 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Човекот има два доктората, едина грешка му е што малце избрзал во обидот да ги импресионира шефовите па го пријавил вториот докторат пред да го одбрани.

Ок, згрешил, но јас би му прогледал низ прсти, затоа што сепак тоа е ситница.

Но хајката што се води против Рашковски веќе подолго време е пресметана злобна хајка на сите оние кои ја мразат владата и го мразат Заев па удираат по неговите најверни соработници со цел да му наштетат.

Рашковски е амбициозен, вреден, способен човек. Наместо да го цениме што има два доктората, ние сега го хејтаме, плукаме и правиме никаквец и олош само затоа што малце подранил со пријавувањето на едниот докторат.

Што да се каже, тоа е како некој маж да каже дека има два пениса од 30 сантима, да му откријат дека едниот му е сепак 28 сантима и затоа да го наречат импотентен.

Ете таа е логиката.

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија