Смешни ми се новинарите кои се бунат за начинот на финансирање на ДУИ

Објавено на 07.06.2018 во 19:05:40 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


ДУИ се финансира така што сите функционери од својата плата двојат со траен налог по околу 5% за партијата.

Па на хартија како донатори се водат државни институции, иако реално тоа е чланарина на челновите кои од својата плата си ја финансираат партијата, многу елегантно и легално.

И сега  новинарите и невладините вриштат и пиштат и галамат дека тоа било спорно?!?!

Абе луѓе, што ќе прават луѓето со својата плата си е нивна лична приватна работа, како тоа не може да го разберете?!

Они можат ако сакаат тие пари да ги земат и да ги однесат и да ги набутаат во газот на некое магаре кое ќе го најдат на некоја ливада, и никој нема право да се буни за тоа... Добро, Анима Мунди треба да се буни, но тоа е друга тема...

Смешно комично и трагично ми е што сега со месеци за ова се прават драми, истражувачки стории и дебати, замислете на некои наши новинари уште не им е јасен концепотот на приватност и бараат они да кажуваат луѓето што да прават со своите пари?!?!

Значи ај, нека крадат од тендери, нека крадат од сефови, нека ограбуваат банки и така нека ги финансираат партиите, тоа подобро ли ќе биде?!?!

Абе некогаш и нашето новинарство не знае кај тера!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија