ДЕН НА ЖАЛОСТ НА БАЛКАНОТ ЗА ПРИПАДНИЧКИТЕ НА ЖЕНСКИОТ ПОЛ: САША КОВАЧЕВИЌ ЌЕ СЕ ЖЕНИ!

Објавено на 09.06.2018 во 01:16:52 часот | Забава

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ го привлече вниманието на јавноста со својата работа, добриот изглед, но и фактот дека кариерата не ја градеше врз основа на сензации и скандали.

Женскиот дел од неговата публика, покрај за песните, е заинтересирана и за неговиот љубовен живот. За овој дел од животот говори многу ретко, но веќе е јасно дека е заљубен и ужива со својата девојка Зорана за која вели дека го освоила со неспосредноста, природноста, насмевката, скромноста. Саша додава дека има многу фактори поради кои оваа девојка успеала да го заведе најпосакуваниот пејач.

-Зошто да не? Времето ќе покаже. Не сум веќе толку млад, низ насмевка одговорил Ковачевиќ на прашањето дали во скоро време планира да застане пред матичар.

Пејачот истакнува и дека му се јавива желба за татковство.

-Тоа е природна и нормална работа и верувам дека ќе се остварам и во улогата на татко во наредниот период и дека се ќе биде онака како што сакам. Искра (ќерката на неговата девојка) ја доживувам како свое дете, нагласува згодниот пејач.

 

 

* реклами:

 

 

Забава

Македонија