Нискиот раст на БПД во првото тромесечје годинава е последниот подарок на Груевски за ВМРО ДПМНЕ

Објавено на 09.06.2018 во 23:25:52 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Македонија е на права насока.

Секоја недела по една странска и домашна инвестиција.

Тевдовски, Сугаревски и Анѓушев секоја недела носат нови грантови од странство во висина од десетици милиони евра.

Заев најавува големи инвестиции во разни сфери од буџетски пари, а со оглед дека сме пред решение за името со Грција, навистина не очекува економски бум.

Сега почнуваат конечно закочените автопати и останатите експресни патишта, а плус се чекаат ефектите од економските субвенции кои ги смисли вице премиерот Анѓушев.

Епа каде е проблемот, зошто имаме 0% раст на БПД во однос на првите три месеци лани?

Проблемот е што лани и годината пред тоа, Груевски тргна лудачки во изградна на неколку автопати со позајмици од Кинези и останати банки, се со цел со вештачко нагло брзо лудачко вбризгување на пари во патишта кои се дури и без проекти и згрешени во проектирањето, се со цел со пари да си ја купи победата на изборите кои беа во тек, и локални и парламентаерни.

Тоа беше финишот на политичката криза, и Грујо проба со максимално цедење на касата и на локално и на централно ниво да вбризга големи суми на пари во економијата за да го неутрализира незадоволството од бомбите.

Затоа сега новата влада мака мачи да се носи со тие бројки и тие суми, во моменти кога се крпат сите буџетски дупки по една декада режим, сите дупки во сите фондови, а и кога се разгледуваат сите промашувања на патиштата од брзање и работа без проекти...

Затоа го имаме ова што го имаме, и ова ќе трае кратко, ова е всушност последниот подарок на Грујо за ВМРО ДПМНЕ, но наскоро ќе нема на што да се повикуваат кога ќе ја критикуваат власта, ќе мора само да молчат и да гледаат како се владее!!!

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија