ДИКТАТОРОТ НЕМАШЕ ОДГОВОР ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА КОИ МУ ГИ ПОСТАВИЈА РУСИТЕ

Објавено на 10.06.2018 во 19:57:32 часот | Свет

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одговараше во живо на прашања на граѓаните во емисијата „Директна линија"

Но, имаше и „незгодни“ прашања кои Путин ги прескокна и ги остави без одговор, но беа испишани на интерактивната табла во студиото.

Ова се дел од непријатните прашања на кои рускиот претседател на одговори, а по избор на порталот nakanune.ru.

- Зошто Алексеј Навални не беше регистриран како претседателски кандидат?

- Кога пратениците ќе се возат во руски автомобили?

- Нема пари, а вие не се давате?

- Вие сте на власт толку многу години. Не мислите дека веќе сме монархија?

- Премиерот вели дека во земјата нема пари, а шефот на државната банка - дека во земјата има многу пари. Дали живеат во различни земји?

- Зарем не се уморивте од тоа да бидете претседател?

- Дали ќе го смените уставот за следното претседателство?

- Зошто бананите во Русија се двапати поевтини од јаболката? Да не смне станале банана република?

- А Кудрин ( Алексеј Кудрин беше министер за финансии на Русија до 2011 година) не сака да поработи во гумени чизми и ракавици во некоја фабрика до 65 години?

- Кога Русија ќе почне да одделува пари за самата Русија?

- Каде ја водите земјата? Какво општество создавате? Вие не можете да избегате од овие прашања!

- Кога цените ќе престанат да растат? За што гласавме?

- Сите живеат полошо, само во Кремљ ви е убаво!

- Кога ќе ги зголемите платите на наставниците за да го почувствуваат тоа?

- Објаснете му на народот каква е користа од елитата и супер-богатите менаџери и службеници?

Инаку, Путин кажа дека ги учи своите внуци да не лажат, совет кој тој го добил од својот татко. 

Додаде и дека Русија оди кон економска стабилност, но и дека нема да се повлече од Сирија. 

Путин по 16-ти пат одговара на прашања на граѓаните. 

 

 

* реклами:

 

 

Свет

Македонија