МОЛБА ДО МПЦ И ИВЗ: Пропагирајте малку повеќе за хуманост и емпатија меѓу рајата, помогнете да имаме подобро општество, вие сеуште можете да допрете до најмногу луѓе кои се надвор од образовен систем

Објавено на 10.06.2018 во 21:03:08 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Секако, медиумите се клучни во правењето на јавната свест, но не се доволни.

Апелирам и замолувам до МПЦ и ИВЗ да преку својата мрежа на свештеници на терен но и во јавните обраќања на владиците да повикаат за повеќе хуманост и емпатија меѓу луѓето за да имаме подобро општество.

Навистина загрижува протестот денеска во село близу Неготино каде жителите блокирале пат затоа што 4 дечиња со хендикеп ќе се доселеле во нивното село од страна на министерство за труд и социјала.

Ова е тажно, очајно и болно нешто, да знаеш дека има толку луѓе што ги мразат и се плашат од децата небаре се заразни или некакви ѓаволи.

Мораме сите да се бориме за доброто да победи, злото да биде на маргините и реткост.

Инаку ова не е прв пат да се види колку само злоба и нечовечност има меѓу нашата рака, омразата и стравот од бегалците од Сирија беше навистина нешто шокантно за мене...

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија