Мила Царовска ти си физички малечка но си во суштина големо човечиште, ти посакувам доволно нерви и сила за да издржиш за доброто на тие стотици дечиња кои чекаат на тебе за да ги спасиш од мизеријата и ужасот

Објавено на 11.06.2018 во 15:38:20 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Стотици можеби над илјада дечиња сместени по разни големи комунистички затвори во зандани без љубов и без внимание, чекаат да умрат...

По децении заборавеност дека воопшто постојат, една мала женичка од метро и пеесе, трча се бори конечно тие дечиња да ги извади од тие темни мувлосани зандани и да си го поживеат животот во малце повеќе среќа и љубов.

Ти Мила Царовска си големо големо човечиште!

Ти посакувам да издржиш ментално, физички, енергетски, да не кренеш раце од целава работа.

Стотици дечиња чекаат на тебе да ги спасиш.

Апелирам до целата влада, до сите медиуми, до целата бизнис заедница, до сите невладини, до целото општество да помогнат во овој хуман прекрасен голем проект.

Како човек кој има работено како студент во домот Ранка Милановиќ како ноќен чувар, можам лично да посведочам колку осамени, колку тажни, колку гневни се децата кои се без семејство.

Но децата во Ранка Милановиќ иако беа сираци, и имаа многу проблеми во однесувањето од аспект на деликвенција и криминал, барем не беа физички хендикепирани како дечињата од домото во Демир Капија.

Ајде, ќе победиме и во оваа битка, доброто пак ќе го победи злото, цврсто верувам во ова!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија