Срце да ти се скине, Македонија обединета, и ВМРО и СДСМ и ДУИ и ЛЕВИЦА плаче денеска, и од срам од нашите сограѓани и од жал за децата...

Објавено на 11.06.2018 во 17:19:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Немаме ние ништо против децата, само не ги сакаме во нашето село, не сакаме ниту да ги гледаме, ќе ни ги заразат нашите деца, ќе ни ги нападнат и ќе ни ги утепаат нашите деца... А они се 3 парализирани дечиња кои не можат ниту да одат... Срце да ти се скине, Македонија плаче денеска, и од срам и од жал за децата...

Мила Царовска требаше да се појави со некој поп на настанот, кој требаше да мава цело време со кандило и да ги предупредува селаните дека ќе одат во пеколот што се против овие деца, само тоа беше спасот денеска...

Ако ништо друго, барем Македонија се обедини, и Албанци и Македонци, и христијани и муслимани и атеисти, и СДСМ и ДПМНЕ и ЛЕВИЦА, сите заедно плачат и се гневни и шокирани од она што се случи денеска во тоа бедно село Тимјаник...

Неготино е за навек оцрнето како слепо црево на цивилизацијата, тешко дека овој срам ќе се тргне во наредните децении, овие селани му ебаа матер на имиџот на тиквешијата... Но и на селото и македонската провинција, за жал сите предрасуди и навреди на граѓаните кон селаните сега се овистинија. 

Ова беше еден тажен лош ден за Македонија. Ќе ни треба многу време за од оваа земја направиме хумано цивилизирано општество.

p.s Денеска беше ден во кој увидов дека јас не сум за политика. Да бев јас на местото на Мила Царовска ќе направев таков инцидент со тие селани што ќе не имаше вечерва во вестите на CNN!

 

 

 

* реклами

 

 

Колумни

Македонија