(ВИДЕО) АЛСАТ М ГО ОТКРИ ДОГОВОРОТ КОЈ УТРЕ ЌЕ ГО ДОГОВОРАТ ЗАЕВ И ЦИПРАС!

Објавено на 12.06.2018 во 00:36:13 часот | Македонија

 
Сложеното име Република Северна Македонија кое ќе биде за севкупна употреба и ќе биде преведливо на сите јазици, на пример на англиски Republic of North Macedonia.
 
За сметка на тоа земјава добива чисто именување на јазикот како Macedonian. Во графата за државјанството ќе пишува Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia.
 
Придавката Macedonian ќе може да се користи од нашата страна во етнокултурен контекст. По потпишувањето, договорот ќе оди на ратификација во македонскиот парламент по што Грција ќе даде согласност земјава да добие покана за прием во НАТО и датум за старт на преговори со ЕУ.

Во вечерашниот настап премиерот Заев кажа дека утре уште еднаш ќе разговара со Ципрас и дека неговиот оптимизам најверојатно ќе се оствари. За детали не зборуваше.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет