ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е РАМЕН НА УСТАВ, ОВА Е КАКО ПОБЕДА НА МЗТ ВРЗ ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС!

Објавено на 12.06.2018 во 20:51:43 часот | Македонија

Договорот со Грција е конститутивен акт

Ова не е победа на Македонија над Грција туку е победа на Македонија над самата себе.

Над своите стравови и комплекси што ги беше изградила како одбранбена линија меѓу себе и слободниот свет. Како средство за себеизмачување со помош на партнерите од таканаречената политичка елита, специјално на таа од вмровскиот садомазо праисход.

Во релативниот однос на силите и внатре и надвор, ова е како победа на МЗТ над Голден стејт. Која беше можна затоа што за МЗТ настапија Стив Кари, Кевин Дурент и Клај Томпсон. Договорот е историски акт со асномска тежина. Конститутивен акт. Пресен извод од новиот регистер на државите и нациите. Извод од регистерот на родените.

На референдумот треба да се гледа како на чин на ослободувањето и прославувањето, а не само како чин на одлучувањето. Зашто, ниту народот нема право да кажува дали ќе живееме или не.

Еднаш веќе напишав дека Заев ќе влезе во националниот пантеон пред некои луѓе од химната. Сега го потврдувам тоа. Честитки за резултатот и за идејната основа што ја откри и која го доведе до договорот.

Признание и наклон до министерот Димитров. До Османи исто така. Се разбира и до Шекеринска како и до целата влада и до сите нејзини надворешни соработници.

Противниците се тука за да ги совладуваме и култивираме. Што на политичката и медиумска сцена, што по судовите и затворите.

Опасен свиок

Договорот со Грција е свиок на кој од заедничкиот автобус ќе излетаат доста крлежи, вмороните и обичните кретени, нивните сервисери маскирани во професори, новинари, уредници и пучистит од Водно ќе излета, некој треба утре-здутре да ги исчисти дрвјата во кои се залепени со шупливите глави, изгледаат како да ги испосрало јато чавки!

Тампони

А сега, драги мои, ставете си тампони во ушите или слушалки и пуштете го Бах на најсилно, нурнете се во када со цевче за дишење, како стари Словени во Дунав, спуштете се во своите ментални подруми како Американците во своите вистински визби пред налетот на тајфуните, зашто деновиве ќе следи последната тимјаничка односно вмронска, односно кретенска олујна одбрана на "националните интереси" од предавничките одредби на договорот со Грција и на договорот како таков, олуја во форма на ретки говна и бљувотини, категорични бесмислености и ужасни хистерии што ќе бидат испуштени од анусите во квазипатриотските глави како тимјаносен срам, сирените на радоста ќе ви јават за прекинот на опасноста, тогаш ќе се видиме на улиците и плоштадите, во кафеаните, во своите домови, да ја прославиме големата победа на Македонија, на Заев и на неговата екипа и на сите граѓани кои успеаја да ги издржат налетите на простаците меѓу себе!

Ким, Доналд, Заев и Ципрас

Дремев на троседот и слушав дека Ким ќе се денуклеаризира, океј, си реков, многу добра вест, но Доналд ми делуваше толку разумно што помислив дека веќе успеал да се детрапмизира, просто ме разбуди и во тој момент ми се стори дека Ципрас и Заев нема да бидат единствени добитници на Нобеловата награда за мир за оваа година.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет