Фудбалскиот камп на „Реал Мадрид“ се освежува со „Изворска спорт“

Објавено на 13.06.2018 во 00:05:18 часот | Спорт

За првпат на Балканот, македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на „Реал Мадрид“. Од вчера, па сѐ до 15 јуни, на комплексот во куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот во организација на компанијата „Спорт арена“.

На вчерашното свечено отворање присуствуваа претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската федерација на Македонија и секако најповиканите, младите фудбалери кои во наредните пет дена ќе го искусат Campus Experience Macedonia.

„Кожувчанка“ вчера беше дел од свеченото отворање на фудбалскиот камп и како општествено одговорна компанија и натаму ќе се труди и ќе биде поддржувач на вакви спортски настани, за да се поттикне спортскиот дух кај најмладите.

За време на спортски активности во Кампот потребно е постојано конзумирање на вода, затоа новата „Изворска спорт“ од 0,75L ќе биде дел од секое хидрирано дете во Кампот.

Сите учесници на фудбалскиот камп ќе имаат можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со производите на „Кожувчанка“.

„Кожувчанка“ како долгогодишен спонзор на спортски настани во Македонијасекојдневно е поддржувач на здравиот живот и спортските настани во Македонија,

Уживајте, спортувајте и останете хидрирани, порачува компанијата.

 

 

* реклами:

 

 

Спорт

Македонија