НИМИЦ НАЈСРЕЌЕН, КОНЕЧНО ЌЕ МОЖЕ ДА ИДЕ ВО ПЕНЗИЈА

Објавено на 13.06.2018 во 12:05:29 часот | Македонија

Срдечно ја поздравувам објавата на премиерите Ципрас и Заев за изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за проблемот со името. Им честитам на двете страни за успешното завршување на разговорите и решавањето на разликите, порача посредникот на ОН Метју Нимиц во соопштение.

Не се сомневам дека овој договор ќе води до период на интензивирани односи меѓу двете соседни земји, особено меѓу нивните народи. Во овој контекст, ме охрабрува посветеноста на двете влади да се договорат во корист на сите нивни граѓани преку воспоставување на стратешко партнерство како основа за интензивирана соработка во сите сектори.

Ми беше чест што ја имав улогата на посредник меѓу двете страни. Сакам да им честитам на двајцата министри за надворешни работи, Димитров и Коѕијас, кои покажаа лидерство, визија и посветеност во преговарачкиот процес и ниеднаш не се поколебаа во напорите да постигнат взаемно прифатливо решение, за својата нација, но и за поширокиот регион, изјави посредникот кој доби можност да биде сведок на заклучувањето на две и пол деценискиот спор.

 

 

* реклами:

 

 

Македонија

Свет