Кога читате реакции за името на Владе Милчин овие денови, не заборавајте дека има плата од 3500е месечно од Фондација Сорос како почесен директор. Со таа плата он може да чека не само ЕУ, НАТО, ООН, САД туку и самата Германија да се распадне пак на западна и источна...

Објавено на 13.06.2018 во 12:43:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Професорот Милчин е прекрасен интелектуалец, но никој не е совршен. И тој поради над 30 години шефување со Сорос Фондацијата има набилдано такво богатство што нема поим како живее народот.

Тој дури и сега како почесен директор на ФИОМ сема околу 3500е месечно плата!

Плус што има разни проекти за драми низ цел балкан, што финансирани од државата што од соседни држави што од невладини, он веќе 30 години нема проблем да си плати сметки, да се облече, најаде, прошета, да си плати здравствено, пензиско, да си купи мебел... Сигурен сум дека Милчинови одат во ресторан секој втор ден, додека просечен Македонец оди во кафана еднаш месечно, некои еднаш годишно!

Поради тоа, тој кога дава мислења за компромисот со Грција се понаша како нашите емигранти од САД и Австралија кои исто така млатат месечни плати од околу 4-5 000 долари, имаат големи куќи, во дворот имаат паркирано по 2-3 коли најнови, дневно јадат и трошат по 300 долара, колку ние трошиме за цел месец...

Затоа кога ќе ги читате и слушате нивните реакции за името, имајте го предвид сето ова, нека ви даде тоа една поинаква перпсектива на кажаното. Немам ја ништо против нивниот убав живот, нити им завидувам нити им посакувам нешто лошо, само ви давам една поинаква перпсектива, зошто они не сакаат да го решиме проблемот со Грција, едноставно се работи за поинакви гледишта, нив лично не ги тангира проблемот, додека нас останатите два милиона од ова ни зависи животот.

И јас да сум милионер, и да сум милионер со децении, и јас ќе заборавам како е да си гладен, како е да ти се децата гладни, како е да носиш исти чевли 3-4 години, како е да се возиш во стари коли, како е да се молиш да не ти исклучат парно, струја, вода...

Како е да немаш сини картони за здравствено, како е да не си отишол на лекар над 10 години иако често си болен ама чекаш природата и дедо боже да те излечат, секако и врелата супа и чајчето...

Мислете со својот стомак и со стомакот на своите деца, се друго е само имагинарно и ефемерно и тетрално срање, да принципите се важни, не треба да се биде нечиј роб и нечиј кловн и да се лаже и да се краде.

Но овде збориме за компромис во кој двете земји губат по нешто и двете земји добиваат по нешто.

Ние добиваме најмногу, Грците се веќе богати и осигурани за навек, ние допрва ќе ја имаме таа шанса!!!

 

 

* реклами:

 

 

Колумни

Македонија